Одржан семинарот Јуми Ја Џутсу

Posted on Categories Почетна

Уште еден успешен семинар во природа, овој пат на тема Јуми Ја Џутсу (вештина на ракување со лак и стрела). На настанот учествуваа петорица членови на Буџинкан Македонија, кој ги изучуваа основните начини на гаѓање со ова оружје. Пред почетокот на семинарот, на учесниците детално им беше покажан начинот на изработка на лак и стрела, во ситуација кога ќе се најдеме во природа, а од личната опрема со нас имаме само нож. 

На крајот од семинарот, учениците имаа можност да гаѓаат и со самострел, при што се уверија во неговата моќноста и прецизност. 
На следниот семинар за лак и стрела, ќе се вежба гаѓање со јапонски ханкју, така што ќе се добие уште една нова перспектива за ова древно, но се уште корисно оружје.