Јуми Ја (Лак и Стрела) - семинар во природа

Posted on Categories Почетна
Вештината на ракување со лак и стрела била задолжителна за изучување од страна на јапонските воини и била една од најважните се до појавата на огненото оружје. За разлика од самурајскиот лак, кој се одликувал по својата големина и совршена изработка, шиноби воините користеле своја верзија на ова оружје кое било едноставно изработено и со многу помали димензии. 
На 26.04.2015 година (недела), инструкторот Игор Довезенски, после неколкугодишна пауза, повторно ќе одржи семинар на тема: Јуми Ја Џутсу (вештина на гаѓање со лак и стрела).
За време на настанот, учесниците ќе имат можност да научат како самите да си изработат лак и стрела и како да гаѓаат со неа. Ќе се изучуваат и разни стратегии и тактики на борба со ова оружје. Освен тоа, шидоши Игор Довезенски ќе одржи и краток курс за гаѓање со самострел, па така членовите на Буџинкан Македонија ќе имат можност да се запознат и со ова оружје. 
Семинарот е наменет исклучиво за членовите на Организацијата Пат кон Сонцето.  
Ден: 26.04.2015 (недела)
Место: Млака / Маренковац
Програма: 
08.00 часот – поаѓање од Скопје
09.00 часот – пристигнување
10.00 -17.30 часот – теоретски и практичен дел
18.30 враќање назад
п.с. Еден ден претходно, во Хомбу Доџо-то ќе се одржи тренинг за гаѓање со фукија. Доколку Ви се потребни повеќе информации, слободно контактирајте не преку нашиот и-мејл.