Шошинша и Кохаи семинар „Будо но Кисо“

Posted on Categories Почетна

Водачот на Организацијата за изучување на јапонски традиционални борбени вештини – Пат кон Сонцето, Игор Довезенски, ќе одржи еднодневен семинар за почетниците и за помладите ученици. Целта на овој настан ќе биде запознавање со школите кои што се изучуваат во нашето доџо, преку вежбање на основите.

На семинарот, учесниците ќе имаат можност да поставуваат прашања поврзани со традиционалните рју-ха кои шидоши Довезенски ги „донел“ во Македонија и ги направил достапни за сите заинтересирани во земјава.
 
Ден: 16 февруари (недела), 2014
Време: 11:00 – 15:00 часот
Котизација: 300 денари 

За кохаи-те кои подучуваат во детската секција Нинџа Клинци, семинарот ќе биде бесплатен. Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на опрема за доџо-то.