Начини на Преживување во Природа IV / Зимски Нинџа Тренинг

Posted on Categories Почетна

Првиот семинар на отворено во новата година, воините на Буџинкан Македонија ќе го одржат на 19 јануари на тема: „Начини на преживување во природа“. Овој четврти по ред настан, познат уште под името „Зимски нинџа тренинг“, ќе биде своевиден тест за оние што неколкупати биле на претходните. Според договорот од минатата, оваа година учесниците ќе бидат поделени на тимови предводени од еден ветеран и двајца помошници, кои ќе имаат задача да изградат засолниште односно да го подготват местото за преноќување и преживување во текот на студената зимска ноќ. Помошници ќе бидат оние кои досега само еднаш земале учество на семинарот. На крајот, шидоши Игор Довезенски ќе ја оцени работата на сите тимови, а водачот на победничкиот тим ќе добие сертификат за успешно помината обука за зимско преживување.

Додека тимовите работата на теренот, Довезенски ќе раководи со обуката на почетниците. 

Една недела пред семинарот, лидерите на тимовите ќе добијат брошура во која ќе бидат содржани сите потребни техники, а која ќе треба да ја научат со цел полесно да одговорат на поставените прашања од страна на инструкторот.   

Потребна опрема за водачите: нож, коноп долг три метри, парче памук и кремен. Доколку некој има проблем со набавката на потребната опрема, слободно нека се обрати до доџо-ти за да му се излезе во пресрет.  

Предупредување: температурите најверојатно ќе бидат во минус. Теренот е отворен и ветровит. Присуство на диви животни во овој период од годината е нормална појава. Најмалку седум часа без престан ќе бидете изложени на екстремно ладно време. Секој доаѓа на сопствена одговорност.

Понесете со себе топла облека.

Ден: 19.01.2014 (недела)

Место: Млака

Програма:

08.00 часот – поаѓање од Скопје

09.00 часот – пристигнување

09.00 – 16.00 часот – теоретски и практичен дел

17.00 – враќање назад 

Оваа година семинарот е отворен  само за членовите на Пат кон Сонцето. Прашања и пријавување на и-мејл, на телефон, во доџо или на Форум.