Одржан семинарот со Игор Довезенски во Кавадарци

Posted on Categories Почетна

Позитивна атмосфера, преполна сала, одлично дружење и напорна работа го окарактеризираа семинарот што викендов се одржа во Кавадарци, под водство на инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, а во организација на Благој Таневски.

140320101649563.jpgПрвиот ден се вежбаа основните удари со раце и нозе, блоковите, како и катите од нивото Кураи Дори, на класичната јапонска борбена школа Кото Рју Коппоџутсу. Вториот ден беше резервиран за школата Гјокко Рју Кошиџутсу, каде што покрај основите, инструкторот Довезенски детаљно ги објасни и ги подучуваше катите од Ки Гата-та.

На семинарот учествуваа над 50 учесници, респектабилна бројка за Буџинкан. Половината од нив беа дојдени од Скопје, додека останатите беа од второто нинџутсу доџо во Македонија односно Буџинкан Кавадарци. Големата заинтересираност за семинарот, само говори за квалитетот и нивото на подучувањето на инструкторот Довезенски.

Домаќинот Благој Таневски, водачот на Буџинкан Кавадарци, се 140320101649422.jpgпокажа како одличен организатор. Целиот семинар помина беспрекорно, благодарение на неговата заложба да им угоди на гостите да се чуствуваат убаво. Во саботата, околу полноќ, сите учесници на семинарот беа на забава во дискотеката К7, каде што се журкаа до раните утрински часови, но тоа не ја намали концентрацијата на тренингот во текот на следниот ден. Беше прекрасно да се гледа како учениците од двата клуба меѓусебно се дружат.

По завршувањето на саботниот тренинг, инструкторот Довезенски, одржа џуџутсу тренинг за борба на земја специјално за најдобриот UFC борец во Македонија (до 73 кг), Оливер Петровски. Станува збор за неверојатно талентиран натпреварувач, пред кого лежи одлична иднина. За време на тренингот, Оливер уживаше во техниките кои му беа покажувани и за многу кратко време ги совладуваше истите. Скромен и 140320101649491.jpgвреден, едвај чекаше да ја испроба следната техника, при што во тоа му помагаа учениците на Буџинкан Македонија, Марјан Прошев и Зоран Тодоровски. На крајот беше договорена и понатамошна соработка, се со цел да се овозможи подобар тренинг на овој наш претставник во UFC. Воедно ги повикуваме сите луѓе кои што можат финансиски да го помогнат Оливер да се јават на телефонскиот број на Благој Таневски.

Што повеќе да се каже. Ваквите настани, ваквите дружења остануваат засекогаш запаметени. Со нетрпение го очекуваме следнотот дружење со нашите пријатели од Кавадарци.