Одржан семинарот со шиханот Свенерик Богсатер

Posted on Categories Почетна

2d85b75b-923e-4b15-aeda-f38f777810ad.jpgОколу 40-тина учесници од четири балкански земји учествуваа на
семинарот со големиот нинџутсу мајстор Свенерик Богсатер, што викендов
се одржа во главниот град на Република Македонија.
Најголем број од нив беа членови на Нинџутсу Сојузот Буџинкан
Македонија, додека останатите учесници беа од клубовите од Србија, Црна
Гора и Грција.
Тешко е да се опише чуството да се биде домаќин на Свенерик. Уште потешко е да се опише радоста да се вежба со него.
Првиот ден, големиот мајстор го започна семинарот со објаснување на
темата Џиссен Гихо и движењето меѓу линијата на животот и смртта. Потоа
се случи нешто што досега не се случило на ниту еден друг семинар
досега. Преку најразлични техники, учителот почна да ги подучува
учесниците на сите витални точки (Кју Шо) на човековото тело,
почнувајќи од главата, па одејќи до прстите на стопалата, како и
влијанието врз човековиот организам доколку истите бидат нападнати со
удар или со притисок односно триење. Иако техниките беа многу болни,
никој не можеше да ја сокрие радоста од „ваквиот развој на настаните“.
Завршетокот на првиот ден, Свенерик го посвети на белите појаси и ја
подучуваше Саншин но Ката, но повторно на само негов својствен начин,
од кои и црните појаси ќе се почуствуваат како почетници.
Вториот ден, беше посветен на темата Хиден но Кенпо односно на начинот
на движење во борба и скриените движења при тоа. Се работеа техники со
нож, ханбо и бокен, а неколкупати шиханот демонстрираше употреба на
внатрешна енергија преку техника, при што, помладите учесници останаа
вчудоневидени и без здив.
По завршувањето на семинарот, шиханот Свенерик го изрази своето
задоволство од позитивната енергија и трудољубивоста на учесниците, а
особено ги пофали нашите девојки за кои рече дека имаат одлично движење
и разбирање на вештината.

Како претставник за Буџинкан Доџо во Македонија, организатор на
семинарот и главен инструктор за нинџутсу во нашиот Сојуз, ќе си
дозволам накратко да напишам нешто и од мое лично име.
Најпрвин сакам да се заблагодарам на сите мои ученици кои ми помогнаа
во организацијата на овој величествен настан. Благодарност и до нашите
пријатели од соседстсвото со кои три дена ги делевме нашите заеднички
вредности и желби.
И на крајот, огромна благодарност до учителот Свенерик Богсатер за сите
(животни) лекции на кои ме подучи додека шетавме низ скопските улици,
ресторани и кафулиња. Тоа искуство за мене е бесценето.