Одржан семинарот Буки Мамори Буки

Posted on Categories Почетна

46879d46-fd2c-4eaa-84b9-afe6db8e6a9a.jpgВременските услови и начинот на тренинг, направија семинарот Буки
Мамори Буки да помине во атмосфера на старите „олд скул“ нинџутсу
времиња.
Температура под нулата, студен ветер, а повремено и природни феномени
од типот врнежи од снег и зимска златна сончева светлина истовремено,
направија тренингот да биде посебен и сигурно запаметен за долго.
Иструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, го започна
семинарот така што ги запозна учесниците со историјата и начинот на
употреба на оружјата што беа предвидени да се изучуваат во текот на
денот.
Потоа, во детаљи беа објаснувани и проучувани техниките на одбрана од
оружје со оружје, и тоа, ханбо против танто, џо против катана, кусари
гама против катана и џуте против шиноби катана.
За време на шестчасовниот тренинг, учениците вежбаа само дванаесет
техники (по три од секоја комбинација на оружја). Тоа го правеа со
толку голема желба, со таква посветеност, што едноставно го тераа
инструкторот Довезенски да навлегува во детаљи и да им ги објаснува
техниките на повисоко ниво.
На крајот од семинарот, беа демонстрирани и две техники на хоџо џутсу (вештина на користење јаже за врзување).
Ова беше семинар што сигурно долго ќе се памети, како по начинот на
тренинг, така и по нивото на техниките, за кое, учесниците изјавија
дека било толку високо, што мозокот им бил оптоварен и преполн со
информации.