ХоЏутсу семинар

Posted on Categories Home

Во дворот на Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија, со сите преземени протоколи за безбедност, во саботата се одржа семинар за самурајско гаѓање со пушка, при што беа вежбани положбите кои биле користени од страна на Самураите кои ја изучувале школата Геки рју Хоџутсу.

Овој семинар има голема важност за да се зачува и одржи традицијата на јапонското стрелање со Танегашима (пушка-мускета), кое особено било популарно на почетокот на 17 век во Земјата на Изгрејсонцето.

Токму затоа, членовите на Буџинкан Македонија редовно го одржуваат овој настан, при што учесниците ги изучуваат ставовите за гаѓање кои биле користени од страна на воините од Јапонија. Покрај положбите на телото, голема улога играат и начините на дишење, како и смиреноста која што е потребна за правилно да се изведе секоја техника.