За овој Готон По може да се каже дека беше продолжување на минатогодишниот.
Тренингот започна на местото викано Еленачки Карпи, каде што учениците
на Буџинкан Македонија учеа како да се качуваат и симнуваат по карпи
без никаква заштитна опрема односно само со помош на обично јаже и меч
(бокен). Потоа се изучуваа техники на качување со помош на два ножа, но
и со помош со партнер.
По ова, со помош на инструкторот Игор Довезенски, постарите ученици ги
подучуваа помладите како се подготвува стапица, а најдобар момент на
семинарот беше договорената акција за изненадување на „непријателските
гонители“.
Следуваше објаснување и изработување на таканаречената Огнена Топка, со
која на некој следен семинар уште подетално ќе се позанимаваме.
Освен овие вештини, на учениците им беше посветено големо внимание при
запознавањето со лековитите билки и користењето на опкружувањето во
случај на преживување во природа.
Семинарот беше успешен и покрај топлото и спарно време, кое се трудеше
да влијае врз телесните и умствените способности на учесниците.