Проширување на Буџинкан Македонија-задача за 2007

Posted on Categories Почетна

Ги повикуваме сите заинтересирани кои сакаат да отворат секција во
состав на Буџинкан Македонија во својот град или село, да не
контактираат, бидејќи ние сакаме да ја рашириме нашата вештина на
територијата на целата држава. За повеќе информации, пишете ни на
нашиот е-маил.

Упис на нови членови

Posted on Categories Почетна

Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето ќе врши
упис на нови членови во текот на месецот јануари. Сите заинтересирани
треба да испратат кратка биографија на нашиот е-маил: daito_macedonia@yahoo.com, по што ќе бидат контактирани во најскоро време.

Добредојдовте

Posted on Categories Почетна

Драги боречки пријатели, добредојдовте на нашата нова веб-страница.

Најпрвин да ве информираме дека нашата стара веб адреса:

http://bujinkan-macedonia.tripod.com,
нема повеќе да биде во функција и дека отсега ова ќе биде местото каде
што ќе можете да бидете во тек со работата на нашата школа за боречки
вештини. Исто така, ве замолуваме да бидете потрпеливи и редовно да ја
посетувате оваа веб-страница од едноставна причина што во наредниве
недели постојано ќе се работи на нејзиното дообликување.
Истовремено, ви се извинуваме поради доцнењето на новата адреса: www.bujinkan.org.mk (стануваше збор за технички проблеми).

Уживајте во вашиот престој, Гамбате Кудосаи!