Наместо Суи Рен, одржан одличен Јуми Ја Џутсу семинар

Posted on Categories Почетна

13102009034147100_2671.JPGОбилните дождови во изминатите денови и надојдената Крива Река, беа
причина темата Суи Рен да биде заменета со Јуми Ја Џутсу (вештина на
користење на лак и стрела).
Како и секоја година, учителот Довезенски најпрвин ги запозна
учесниците со историјатот и употребата на ова оружје, а потоа им го
демонстрираше и начинот на изработка на истото.
Откако учениците ја совладаа вештината за изработка на лак и стрела, со
краток, но силен марш, групата се упати кон местото Кршче, во близина
на Еленачкиот Кладенац. Тука, започна основната обука на гаѓање во мета
со користење на различни камае (положби на телото).Samostrel.jpg
Освен со техничките детаљи и карактеристики на Јуми Ја Џутсу,
учесниците беа запознаени и со филозофијата и стратегијата потребна за
успешно совладување на вештината.
Последниот дел од семинарот, беше посветен на гаѓање со самострел.
Како и секогаш, учениците имаа можност да го збогатат и докомплетираат
своето знаење преку повторување на старите техники, но и учење на нови,
кои долго време ќе ги тераат да размислуваат повеќе за оваа древна
вештина.