Шиноби Таисо - Шоден семинар

Posted on Categories Почетна

Под водство на учителот Игор Довезенски, денес се одржа прекрасен семинар за Шиноби Таисо, на кој учествуваа 17 учесници.

На настанот се обработуваа вежби за растегнување и балансирање на телото од првото ниво (Шоден), при што Довезенски се потруди до најситни детали да им го пренесе своето знаење на сите ученици.

На крајот, беше договорено наскоро да се одржи уште еден Шиноби Таисо семинар, на кој заинтересираните ќе можат да почнат да ги изучуваат и вежбите од второто ниво (Чуден).

Детски Нинџа Предизвик II

Posted on Categories Почетна

Во саботата, по втор пат за оваа година, се одржа семинарот Нинџа Предизвик – наменет за најмладите членови на Буџинкан Македонија.

Настанот истовремено послужи и како забава за Нинџа Клинци-те по повод новогодишните празници, а за да ги направиме најсреќни, организиравме и посета на Нинџа Дедо Мраз како и лотарија со најразновидни подароци.

Беше прекрасно да се видат сите детски насмевки и да се биде дел од нивната радост на која и немаше крај.

Останува уште полагањето за повисоки степени што ќе се одржи во четврток, а потоа следува неколкудневна пауза по повод новогодишните празници.

Семинар за ХоџоЏутсу и Одбрана од Пиштол

Posted on Categories Почетна

Во скопското Доџо на Буџинкан Македонија, денес се одржа семинар за врзување со јаже при апсење (ХоџоЏутсу), како и за одбрана од напад со пиштол.

На семинарот учествуваа десетина членови на доџото, при што сите покажаа умешност во совладувањето на техниките.

На крајот, неколкумина од нив изразија желба повторно да се одржи еден целодневен семинар за ХоџоЏутсу, при што учителот Довезенски вети дека за време на истиот, ќе им покаже уште повеќе техники за врзување и контрола со јаже.

Се одржа деветтиот БуЈуКаи

Posted on Categories Почетна

Под водство на инструкторите Игор Довезенски и Ерџан Шарбат, во Истанбул (Република Турција), се одржа деветтиот по ред меѓународен семинар БуЈуКаи.

За време на настанот, Довезенски предаваше техники од Таиџутсу и Кодачиџутсу, додека Шарбат предаваше Таиџутсу и Кенџутсу.

Овој традиционален пријателски семинар,  секоја година привлекува голем број учесници, па така и оваа година Доџото во градот на Босфорот беше премало за да ги прими сите заинтересирани.

Слободното време како и секоја година беше искористено за прошетки и истражувања на културното наследство, а не изостанаа и редовните дружби низ рестораните и кафулињата на Истанбул.

Како и минатата година, така и оваа, учителот Довезенски го прослави својот роденден во Истанбул заедно со своите најблиски.

Следниот јубилеен БуЈуКаи X, ќе се одржи во Хомбу Доџото на „Пат кон Сонцето“ во Република Македонија. Уште сега се најавува невиден спектакл по повод настанот.

Во дворот на Хомбу одржан семинар за КусариГама

Posted on Categories Почетна

Семинар за КусариГама се одржа во неделата во дворот на Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија.

На настанот учествуваа десетина членови на различна возраст, меѓутоа сите со иста желба – да го збогатат и усовршат своето знаење во древната јапонска вештина Нинџутсу.

Учителот Игор Довезенски несебично сподели десет различни кати за КусариГама, а учениците гладни за знаење неуморно ги впиваа лекциите на инструкторот.

Ова воедно беше последниот семинар во Хомбу за 2025 година, а следната сезона на настани во централното Доџо почнува од почетокот на март, 2026 година.

КјокетсуШоге во Хомбу Доџо

Posted on Categories Почетна

Дождливиот ден во саботата, не’ натера да го одржиме семинарот за КјокетсуШоге во Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија, иако тоа оружје навистина бара голем и отворен простор за тренинг.

За време на настанот, успеавме да ги „поминеме“ сите кати од оваа вештина, а најмногу изненадија младите ученици кои со голем интерес вежбаа и се усовршуваа.

Вечерта беше искористена за заедничка вечера, при што учителот Довезенски ги приготвуваше надалеку прочуените „Довезенски палачинки“, а потоа се играа и омилените друштвени игри.

Чигирики семинар во Хомбу

Posted on Categories Почетна

Во неделата во Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија се одржа семинар за Чигирики.

Се обработуваа сите положби на телото, како и деветте техники кои се вежбаат во Буџинкан Македонија, а мора да се забележи дека учениците на учителот Игор Довезенски на секој следен семинар покажуваат се подобри резултати.

За време на семинарот сите учесници уживаа во убавото време, како и во вкусното грозје кое расте во дворот на Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија.

Тогакуре рју ШурикенЏутсу

Posted on Categories Почетна

Семинар за шурикени од школото Тогакуре рју Нинџутсу беше одржан во саботата во дворот на Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија.

Учителот Игор Довезенски во детали ги предаваше техниките на оваа школа, додека десетте учесници неуморно го впиваа знаењето и ја усовршуваа својата техника.

Вечерта помина во играње друштвени игри и долги разговори, а не изостана и заедничката вечера во летната кујна на Доџото.

Учителот Игор Довезенски подучуваше во Чикаго (САД)

Posted on Categories Почетна

Завчера заврши двонеделното патување на водачот на Буџинкан Македонија во Илиноис (Соединетите Американски Држави).

Тој поточно престојуваше во градот Чикаго на покана на неколкумина сопственици на луксузни резиденции и хотели во центарот на градот, како и во Оак Парк – една од елитните населби. За време на престојот, Довезенски предаваше во јога/фитнес студијата наменети за резидентите и гостите, при што ги запозна со системот Шиноби Таисо кој одлично беше прифатен од учесниците.
Сесиите се одвиваа секој ден наутро и попладне, при што на барање на вежбачите, учителот држеше и приватни/индивидуални часови.

Истовремено, Довезенски одржа и часови за Нинџутсу на неколкумина ЏуЏутсу натпреварувачи, кои беа воодушевени од неговата техника како и од вештината која што ја претставува. Иако доби покана перманетно да остане и да работи во Чикаго, Игор Довезенски носен од патриотскиот дух, како и од неизмерната љубов кон своите деца и ученици, без размислување ја одби понудата, иако вети дека повторно ќе го посети и ќе предава во „ветровитиот град“.

Заврши Летниот Нинџа Камп XVII

Posted on Categories Почетна

Заврши уште еден од најлегендарните настани на планетава земја, познат под името Летен Нинџа Камп, а во организација на најдинамичното Доџо во светот – Буџинкан Македонија.

Цели 17 години по ред, учителот Игор Довезенски неуморно го пренесува своето знаење на сите заинтересирани за тајните на јапонските традиционални боречки вештини, па така и оваа година кампот привлече голема бројка на учесници.

Покрај Македонците, имавме и еден учесник од Франција, а со тоа настанот повторно се здоби со меѓународен карактер, нешто што се почесто се случува во последниве години.

Амтосферата на кампот беше величенствена, тренинзите силни и динамични, а уште сега добиваме пораки и повици со интерес за следниот камп што ќе се одржи во 2026 година. Потсетуваме дека пријавите секоја година почнуваат уште на новогодишната ноќ, па затоа бидете спремни 🙂