Shoshinsha and Kohai seminar „Budo no Kiso“

Posted on Categories Uncategorized

The leader of the Organization for teaching traditional Japanese martial arts – Taiyou e no Michi, Igor Dovezenski, is organizing one-day seminar for the beginners and younger students. The goal of this event is getting to know the schools that are taught in our dojo through practicing the basics. 

On this seminar, the participants will have the opportunity to ask questions related to the traditional ryu-ha that shidoshi Dovezenski „brought“ to Macedonia and made them available to any interested in this country.
Date: 16th of February (Sunday), 2014
Time: 11.00 – 15.00 hours
Fee: 300 denars
To the kohai that teach the kids sections Ninja Kids this seminar is free. The gathered fee is going to be used for equipping the dojo. 

Шошинша и Кохаи семинар „Будо но Кисо“

Posted on Categories Почетна

Водачот на Организацијата за изучување на јапонски традиционални борбени вештини – Пат кон Сонцето, Игор Довезенски, ќе одржи еднодневен семинар за почетниците и за помладите ученици. Целта на овој настан ќе биде запознавање со школите кои што се изучуваат во нашето доџо, преку вежбање на основите.

На семинарот, учесниците ќе имаат можност да поставуваат прашања поврзани со традиционалните рју-ха кои шидоши Довезенски ги „донел“ во Македонија и ги направил достапни за сите заинтересирани во земјава.
 
Ден: 16 февруари (недела), 2014
Време: 11:00 – 15:00 часот
Котизација: 300 денари 

За кохаи-те кои подучуваат во детската секција Нинџа Клинци, семинарот ќе биде бесплатен. Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на опрема за доџо-то.     

„Haragei“ outdoor seminar

Posted on Categories Uncategorized

Hara (腹) is a Japanese word for stomach, while Gei (芸) means art. Although, in martial arts hidden behind this word is a complete principle of internal and external communication through getting to know one’s self and timely discovery of the changes that are happening around. The teachers of Zen, centuries ago taught that breathing with Hara (stomach) cleanses the mind of all thoughts and enables a deeper perspective in one’s self. That exact view of the internal and external changes, is believed to give the warrior an opportunity to sense the danger in time and take action. This type of training that cultivates the inner energy, the famous zen-monk Takuan Soho called it „the exercise of the immovable mind“.

Imagine this scenario – You and Your opponent are two meters apart with pointed katana towards each other’s heart. The tension increases and only one wrong breath or one blink with an eye separates life from death. To recognize the attack, to feel the moment when you need to react is of great importance. 
On the 23rd of February, shidoshi Igor Dovezenski is organizing an outdoor seminar, where techniques for haragei will be practiced. So far, these exercises were only available for the advanced students and were practiced during the famous Summer Ninja Camps organized by Bujinkan Macedonia. Now, instructor Dovezenski is going to teach these techniques to all of our members that wish to learn and better their martial skill.
Date: 23.02.2014 (Sunday)
Location: Elenachki Kladenac
Program:
08.00 hours – departure from Skopje
09.00 hours – arrival
09.00 – 16.00 hours – theory and practice
17.00 hours – return
This seminar is open only for the members of Taiyou e no Michi, but you can participate on it with a recommendation of an instructor that nurtures friendly relations with our dojo. Questions and applying by e-mail, phone, in the dojo or on the Forum.  

„Харагеи“ семинар во природа

Posted on Categories Почетна

Хара ( 腹 ) е јапонски збор за стомак, додека Геи ( 芸 ) означува уметност. Меѓутоа, во боречките вештини зад овој збор се крие комплетен принцип на внатрешна и надворешна комуникација преку самоспознавање и навремено откривање на промените кои се случуваат наоколу. Учителите за Зен, со векови наназад подучуваат дека дишењето со Хара (стомак) го чисти умот од секакви мисли и овозможува поглед длабоко во себе. Токму тоа согледување на внатрешните и на надворешните промени, се верува дека на воинот ќе му овозможи навреме да ја препознае опасноста и истовремено да реагира. Ваквиот тренинг за култивирање на внатрешната енергија, познатиот зен-монах Такуан Сохо го нарекувал „вежба на неподвижниот ум“. 


Замислете ситуација, Вие и Вашиот противник сте одалечени два метра еден од друг со вперени катани во срцата. Тензијата се зголемува и само еден погрешен здив или едно трепкање со окото може да Ве дели од животот и смртта. Да го препознаете нападот, да го почуствувате моментот кога треба да се реагира е од клучно значење. 

На 23 февруари, шидоши Игор Довезенски ќе одржи семинар во природа, на кој ќе се вежбаат техники за харагеи. Досега, овие вежби беа достапни само за понапредните ученици и се работеа за време на прочуените Летни Нинџа Кампови организирани од страна на Буџинкан Македонија. Сега, инструкторот Довезенски ќе ги предава овие техники за сите наши членови кои сакаат да ги научат и да ја зголемат својата борбена вештина. 

Ден: 23.02.2014 (недела)

Место: Еленачки Кладенац

Програма:

08.00 часот – поаѓање од Скопје

09.00 часот – пристигнување

09.00 – 16.00 часот – теоретски и практичен дел

17.00 – враќање назад 

Семинарот е отворен  само за членовите на Пат кон Сонцето, но може да се присуствува на истиот и со препорака од инструктор кој негува пријателски врски со нашето доџо. Прашања и пријавување на и-мејл, на телефон, во доџо или на Форум.

Sempai Keiko held

Posted on Categories Uncategorized

This time instead a report for the seminar „Sempai Keiko“, we share part of the mail sent by shidoshi ho Marjan Proshev.

„I really liked and I fully support the idea for organizing sempai seminars. All that intensity of training and upgrading our technique, as well as the great atmosphere, was an excellent reminder of the days when our generation didn’t miss a training. When we started, we weren’t much different from the beginners that today practice in the dojo and do their best. As we moved forward, we found ourselves in the art more and each one of us got what we wanted. I am sorry that today some of the elder members, among them myself too, are not as active as we used to be. We spent so many years together and today we all walk on our Path. I know that we all try to follow the true Path, but unfortunately not all can stay on it. This seminar reminded me what it was like before. It proved that no matter what, with the people that you have spend so many years in training, seminars and camps, you have build mutual respect. After a while, when you meet with these people again, you can feel the respect that everyone had deserved. We’ve got the privilege to practice koryu, and we have to earn the respect ourselves. I think that is the lesson that the young members need to learn. So many of them are hopeful and almost at the same age, and everyone wants to be above the other. That can only bring problems and nothing more. I am glad to see so many young ready to do what we did.“

Одржан Семпаи Кеико

Posted on Categories Почетна

Овој пат место извештај за семинарот „Семпаи Кеико“, пренесуваме дел од мејлот испратен од шидоши хо Марјан Прошев. 

„Многу ми се допадна и целосно ја подржувам идејата за одржување на семинари за семпаи. Сиот тој интензитет на вежбање и
надоградување на нашата техниката, како и
одличната атмосфера, беше добро навраќање на деновите кога нашата генерација не пропушташе ниту еден тренинг. И ние кога почнавме, не се разликувавме
од почетниците кои денес вежбаат во доџо-то и даваат се од себе. Како што напредувавме, се повеќе се пронаоѓавме во вештината  и секој од нас го добиваше тоа што го бараше. 

Жал ми е што денес некои од постарите членови, меѓу кои сум и јас, не се толку активни како порано. Поминавме многу години заедно и денес сите чекориме по својот Пат. Знам дека сите се
обидуваме да го следиме вистинскиот Пат, но за жал не можеме сите да се одржиме на него. Овој семинар ме потсети на тоа како беше некогаш. Се докажа дека и покрај се, со
луѓето со кои си поминал многу години во тренинг, семинари и кампови, се изградила меѓусебна почит. Кога после подолг временски период ќе се сретнеш во доџо со тие исти луѓе, се уште се чувствува почитта што секој ја има заслужено. Привилегијата да вежбаме корју ја добивме, а почитта треба самите да ја
стекнеме. Мислам дека тоа е лекцијата што младите членови треба  да ја научат. Повеќето од нив се надежни и горе-долу на иста возраст, а секој сака да
биде над другиот. Тоа може да донесе само проблеми и ништо повеќе. Мило ми е што гледам се повеќе млади кои се подготвени да
го прават тоа што ние го правевме“.