Извештај за 2011 година

Posted on Categories Почетна

Минатогодишниот извештај го завршивме со ветување дека во 2011 година ќе
постигнеме уште подобри резултати. Денес, со големо задоволство можеме да кажеме
дека – остваривме.

Според насоките на соке Масааки Хатсуми, 2011 беше посветена на основите на
Будо-то, преку принципите на Кихон Хаппо. Бидејќи основите се нешто што во
нашето доџо постојано се вежбаат, ние си зададовме дополнителна интерна тема:
Такаги Јошин рју Џутаиџутсу.
Навистина уживавме проучувајќи ги и вежбајќи ги сите кати на оваа самурајска
школа во текот на целата година.

27122011045751izvestaj1.jpgШто се однесува до организирањето на меѓународни семинари, оваа година
поканивме само еден мајстор да подучува во нашето доџо. Бевме навистина
пресреќни што го имавме сенсеи Антонино Черта, единствениот нејапонски шихан за
Даито рју Аикиџуџутсу и Оно ха Итто рју Кенџутсу (Такеда ден).

Сенсеи Черта е учител на инструкторот Игор Довезенски, за двете класични
јапонски боречки школи, а нивниот однос е навистина посебен. Во текот на
петдневната посета на овој голем мајстор, се одржа дводневен семинар, додека
останатото време инструкторот Довезенски го искористи за приватни часови со
учителот.

Во изминативе години секогаш организиравме по најмалку два меѓународни
семинари, но оваа година учениците на Буџинкан Македонија одлучија да направиме
пауза, со цел повеќе да се посветиме на нашите активности кои навистина ги има
многу.

Од друга страна, шидоши Игор Довезенски учествуваше на неколку меѓународни
семинари организирани од страна на нашите пријатели.
Годинава започна со посета на семинарот со шиханот Педро Флеитас во Србија,
каде што учество зема и семпаи Марјан Прошев.
Во април, Довезенски учествуваше на семинарот во Белгија одржан под водство на
еден од првите шихани на соке Масааки Хатсуми, канчо Унсуи Манака, а истовремено
уживаше и во тренинзите одржани од страна на останатите инструктори на
организацијата Џиненкан. Шидоши Довезенски беше единствениот претставник на Буџинкан доџо кој зема учество на последниот семинар на Манака сенсеи надвор од Јапонија.
Во јуни, шидоши Довезенски учествуваше на семинарот БуЈу Каи во Германија,
каде што пред 20 шихани на Буџинкан Доџо го положи тестот за годан (5 дан).
Десетдневниот престој беше искористен за многу тренинзи, а посебно во сеќавање
се оние кои беа одржани во доџо-то на нашиот голем пријател, шиханот Штефен
Фролих.
Покрај сите овие, учествувавме и на неколку семинари 27122011045803izvestaj2.jpgод други боречки вештини,
се со цел подобро да ги разбереме класичните јапонски школи (рју ха) што ги
изучуваме во нашето доџо.
На сите нив беше прекрасно да се видат старите, но и да се запознат нови
пријатели.

Годинава што измина, ќе ја паметиме по рекордот на одржани семинари во
природа. Како што веќе знаете, тие се заштитен знак на нашето доџо и ние строго
веруваме дека единствениот начин да се вежба нинџутсу е да се „загази“ длабоко
во природата и да се биде во хармонија со неа.

Така, организиравме 12 семинари во природа, а посебно ќе ги истакнеме
традиционалните „Патот на Шугенџа“ и „Преживување“ кои претставуваат заштитен
знак на нашето доџо.

Во текот на месецот август, се одржа надалеку познатиот Летен Нинџа Камп, на
кого учествуваа 20 ученици од нашето доџо. Како и секогаш, спомените и лекциите
научени за време на кампот остануваат засекогаш врежани во срцето.

Покрај другите активности, би ги споменале уште и одржувањето на
традиционалната „Работилница за самоодбрана за жени“, каде што нашите куноичи
покажаа одличен напредок. Нивната техника толку многу напредува, што во иднина
можеби настанот ќе го прекрстиме во „Работилница за самоодбрана од жени“ 🙂

Семпаи Марко Опачиќ и семпаи Марјан Прошев одржаа семинар во Градско, а
истовремено успешно ја преземаа работата во нашето второ доџо во Скопје кое се
пренамени во место за вежбање на новозапишаните членови (почетници).

Оваа година воведовме и систем наречен Шиноби Таисо кој има за цел да ја подобри кондицијата потребна за секојдневните тренинзи на класичните јапонски боречки вештини. Инструкторот Довезенски
одржа предавање на таа тема, кое предизвика огромен интерес. Се надеваме дека
во годините што следат, системот ќе ги покаже резултатите на дело.

Што се однесува до јавниот интерес за нашата работа, ние и понатаму ги одбиваме повеќето покани за гостување во медиумите. За нас најважно е традиционалните боречки вештини да останат за малку одбраните луѓе кои треба самите да не пронајдат. Така, оваа година
прифативме само една покана од „Лајф Магазин“ каде што двајца членови од
нивната редакција направија репортажа за нашиот зимски семинар.

27122011045812Izvestaj3.jpgЗа наше најголемо достигнување во 2011, слободно можеме да го прогласиме
почетокот на изградбата на нашето хомбу доџо. Го градиме на наша земја, по наш
вкус. Се состои од 100 м2 површина за вежбање, и 100 м2 простор за престој на
нашите ученици. Според плановите, доџо-то ќе биде целосно завршено до јули,
2012 година.

Во нашата организација Пат кон Сонцето, покрај доџо-то Буџинкан Македонија,
успешно работи и доџо-то за Даито рју Аикиџуџутсу и Оно ха Итто рју Кенџутсу
(Такеда ден). Остануваме целосно посветени на вежбањето и на овие две корју
школи, а како нивни преставници, во следниот период очекуваме зголемување на
активностите поврзани со нив.

Во моментов, доџо-то на Буџинкан Македонија брои околу 40 редовни, додека
во секцијата за почетници вежбаат 12 ученици. Во секцијата во Градско редовно
тренираат околу десетина ученици. Сите тие имаат цел да се самоусовршат на
секое поле од животот.

На крајот, неколку статистички податоци за нашата веб-страница. Од
1 јануари 2011, па заклучно со денес, нашата веб-страница ја посетиле над 20.000 души, од вкупно 84 држави,
а оваа година најредовните посетители се од САД, Србија, Словенија, Германија, Италија и Хрватска (подредени според бројот на посети, не сметајќи ја Македонија од каде што секогаш имаме најмногу „удари“).

Извештајот го завршуваме со единствената лоша работа што ни се случи, а тоа
е тешката повреда на шидоши Игор Довезенски при падот од седумметарска карпа.
Имено, до несреќата дојде за време на слободното качување на Еленачки Карпи. Иако
докторите дават лоши прогнози за развојот на повредата во иднина и му забранија
секаква физичка активност, Игор Довезенски останува доследен на својата љубов (корју
буџутсу) и не пропушта ниту еден ден без тренинг.