Одржан Семпаи Кеико

Posted on Categories Почетна

Овој пат место извештај за семинарот „Семпаи Кеико“, пренесуваме дел од мејлот испратен од шидоши хо Марјан Прошев. 

„Многу ми се допадна и целосно ја подржувам идејата за одржување на семинари за семпаи. Сиот тој интензитет на вежбање и
надоградување на нашата техниката, како и
одличната атмосфера, беше добро навраќање на деновите кога нашата генерација не пропушташе ниту еден тренинг. И ние кога почнавме, не се разликувавме
од почетниците кои денес вежбаат во доџо-то и даваат се од себе. Како што напредувавме, се повеќе се пронаоѓавме во вештината  и секој од нас го добиваше тоа што го бараше. 

Жал ми е што денес некои од постарите членови, меѓу кои сум и јас, не се толку активни како порано. Поминавме многу години заедно и денес сите чекориме по својот Пат. Знам дека сите се
обидуваме да го следиме вистинскиот Пат, но за жал не можеме сите да се одржиме на него. Овој семинар ме потсети на тоа како беше некогаш. Се докажа дека и покрај се, со
луѓето со кои си поминал многу години во тренинг, семинари и кампови, се изградила меѓусебна почит. Кога после подолг временски период ќе се сретнеш во доџо со тие исти луѓе, се уште се чувствува почитта што секој ја има заслужено. Привилегијата да вежбаме корју ја добивме, а почитта треба самите да ја
стекнеме. Мислам дека тоа е лекцијата што младите членови треба  да ја научат. Повеќето од нив се надежни и горе-долу на иста возраст, а секој сака да
биде над другиот. Тоа може да донесе само проблеми и ништо повеќе. Мило ми е што гледам се повеќе млади кои се подготвени да
го прават тоа што ние го правевме“.