Како што и самиот наслов кажува, овој настан е предвиден за постарите ученици на Буџинкан Македонија односно за оние кои наскоро ќе полагаат за шодан (прв дан-мајсторско звање).
На семинарот, шидоши Игор Довезенски ќе го пренесува своето знаење преку три аспекти на трансмисија:
-таиден (телесна – борбена стратегија)
-шинден (духовна – обединување на умот и телото)
-куден (усмена – совети за практична ефикасност)
Ден: 04.12.2011 (недела)
Место: познато за учесниците
Цена: бесплатно
За овој семинар нема да објавиме никаков извештај на веб-страницата поради природата на неговата содржина.