Одржан семинарот Кенџутсу Кихон

Posted on Categories Почетна

6e89774e-1d44-49f8-b858-140f2c38bc29.jpgПод водство на Игор Довезенски, главен инструктор на Нинџутсу Сојузот
Буџинкан Македонија, вчера на ридот Еленац се одржа семинар на тема
Кенџутсу Кихон на кој учесниците имаа можност да ги проучуваат
основните техники на ракување со јапонски меч. 
Пред започнувањето на техничкиот дел, учителот Довезенски преку Куден
(усно предавање) ги запозна учениците со некои важни правила кои се
однесуваат за оваа вештина, но исто така, им укажа на важноста на
психичката подготвеност за време на изведување на самите техники на
борба со меч.
Потоа, се вежбаа основните положби на телото (камае но ката) при што
беа објаснувани начините на напад односно сечење од соодветното камае.
Тренингот продолжи со демонстрација и вежбање на осумте начини (правци)
на сечење со меч (хаппо гири), како и реалната борбена апликација на
истите (шинкен гата).
Учителот Довезенски на доста високо ниво и со многу детаљи ја
објаснуваше секоја техника, а на крајот ги подучи учениците на
посебниот начин на движење (таи сабаки) при борба со меч, по што
движењето беше проучувано преку ставот Ичи но Камае и техниката Тсуки
(прободување).
На крајот беа искажани пофалби за учесниците од почетната група на
доџото Пат кон Сонцето Скопје, кои покажаа задоволителни резултати на
семинарот.
Голема благодарност до Природата (читај Господ) за прекрасниот сончев
ден, кои ни овозможи да ги наполните ќелиите во телото со благодатна
енергија.