Учителот Игор Довезенски денес одржа специјална работилница за Џунан Таисо наменета за лиценцираните инструктори од Шиноби Таисо групата.
За време на настанот, учесниците изучуваа техники со таканаречените „јога цигли“, при што за секоја положба мораа најдетално да се запознаат и со очекуваните резултати.
На крајот беше закажана и следната Работилница која што ќе се одржи во јануари, а на која ќе се изучуваат нови техники со споменатите реквизити.