Саино Шин Ки / Надареност Дух Зафатнина – приоритети за 2009

Posted on Categories Почетна

Како што веќе знаете, поглаварот на Буџинкан Доџо, д-р Масааки Хатсуми,
секоја година одредува тема според која членовите на неговата
организација ќе се раководат при вежбањето. Оваа година, тој смета дека
не е потребна никаква тема. На прашањето од шиханите, тој едноставно
одговорил „нема тема“. Покрај тоа, Соке додал дека во 2009 година,
инструкторите на Буџинкан Доџо, треба повеќе внимание да посветат на
Кенџутсу односно на вештината на борење со меч, но и на невидливата
страна на Нинпо Таиџутсу (ура).
Според него, во 2009 година, исто така треба да се посвети внимание на
три елементи на духовниот развој на секој будока – саино, шин, ки /
утсува односно надареност, дух и зафатнина. Како и секогаш, сакајќи
работите да бидат јасни, некои од западните учители веднаш ова го
прогласија за тема на 2009 година.
Дали можеби Соке сакал да види како инструкторите ќе се снајдат сами без тој да им даде патоказ за нивниот развој?
Како и да е, ние во Буџинкан Македонија ќе се раководиме според
неговите упатства. Тоа значи многу тренинг со меч и духовен развој
преку принципите на Саино Шин Ки. А оваа година ќе го сториме тоа преку
школата Гјокко рју Кошиџутсу, која ќе биде интерна тема на Буџинкан
Македонија за 2009 година.
Доколку има некакви измени односно појаснувања или надополнувања од
страна на поглаварот, тие веднаш ќе ни бидат испратени од нашите
ментори, а ние натписот навреме ќе го дополниме.
Во рубриката „Програма“ можете да ја прочитате програмата за оваа година.