Инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, со помош на својот асистент Марко Опачиќ, успешно го завршија семинарот за почетници Будо но Кисо. Како што самиот наслов кажува, за време на настанот учениците имаа можност да ги проучуваат основните принципи на боречките вештини, преку вежбање на две кати од секоја школа што се изучува во Организацијата „Пат кон Сонцето“.
Семинарот започна со демонстрација на две кати од школите за мечување Теншин Шоден Катори Шинто рју и Оно ха Итто рју (Такеда-ден), а потоа продолжи со вежбање на катите Нуките Дори и Тачи Ери Дори од традицијата на Даито рју Аикиџуџутсу.
Тренингот продолжи со катите Геккан и Шинкен од Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу; Дан Ши и Кето (хенка) од Гјокко рју Кошиџутсу; Јокуто и О Гјаку од Кото рју Коппоџутсу; До Гаеши (хенка) и Касуми Дори од Такаги Јошин рју Џутаиџутсу и Хидари уде Тонсо но Ката и Миги Тонсо но Ката (хенка) од Тогакуре рју Нинпо Таиџутсу.
Сите почетници и помлади ученици се потрудија да „впијат“ колку што можат повеќе од богатото искуство на шидоши Довезенски, со цел да ги разберат најважните елементи од борбените школи кои во иднина ќе треба поединечно да ги изучуваат.