Буџинкан во детската градинка „Бамби“

Posted on Categories Почетна

06102010111046deca12.jpgВо рамките на манифестацијата „Недела посветена на децата“, постарите ученици на Буџинкан Македонија, Марјан Прошев и Марко Опачиќ, ја посетија детската градинка „Бамби“ во Скопје, каде што ги забавуваа најмладите преку запознавање со јапонските традиционални боречки вештини.

Прошев и Опачиќ најпрвин им објаснија на дечињата за потеклото на нинџите и самураите, а потоа изведоа демонстрација на неколку кати од школите на Буџинкан.
Потоа одржаа еден мини тренинг каде што најмладите беа подучувани како правилно да се тркалаат (каитен) и паѓаат (укеми). Сето тоа беше изведено на наивен и детски начин, разбирлив и забавен за нивната возраст.

Тренингот заврши со одговарање на многубројните 06102010111040deca11.jpgпрашања поставени од дечињата, а секако во врска со нинџите и самураите.

Со ова, нашиот клуб даде свој придонес за разубувување на манифестацијата „Недела посветена на децата“, а ние и понатаму остануваме отворени за било каква помош кога станува збор за најмладите кои се иднина на нашата земја, но и за сите ранливи групи во нашето општество.

Семинар во Градско со Игор Довезенски

Posted on Categories Почетна

04102010085534flaer-za-gradsko-za-web.jpНа покана од група граѓани од општината Градско, инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, ќе одржи семинар на тема „Запознавање со школите на Буџинкан“.

Семинарот ќе се одржи на 09 октомври во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во времетраење од 11.00 до 17.00 часот, а истиот е подржан и од градоначалникот на општината.

На настанот, свое учество ќе земат и неколкумина припадници на безбедносните сили на Република Македонија (војска и полиција) кои живеат или потекнуваат од Градско.

Сите заинтересирани можат да се јават на нашиот телефон 077 976 906 или да пишат на нашата елетронска адреса: daito_macedonia@yahoo.com

Успешно одржан Патот на шугенџа ®

Posted on Categories Почетна

27092010010833Shugendo-2389787.jpgОд дванаесет пријавени учесници на Патот на шугенџа, вчера сите успешно го завршија семинарот. Тоа зборува дека физичката и менталната подготвеност на нашите ученици расте од година на година се повеќе. Резултатите од редовните тренинзи, кои се доста напорни, си го прават своето.

Целта беше да го изодиме патот по течението на реката Живуша, од местото на влевање во Крива Река, па се до изворот кој се наоѓа на Мокро Езеро на планината Козјак.

Предвидените четириесет, набргу прераснаа во педесет километри, со оглед на тоа што се искачувавме од западната страна на планината на место каде што не 27092010010808Shugendo-2389348.jpgпостоеја никакви патчиња, но и поради одбраната рута при враќањето, која го продолжи патот бидејќи не пресековме директно преку ридовите во правец на Липац. Таквото кружење не чинеше уште некој час повеќе.

По кратките подготовки, во 8.40 часот, групата предводена од инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, го започна духовното патување.

Следејќи го текот на Живуша, поминавме низ Стрезовце за потоа да се упатиме низ селото Облавце. Од тука, влеговме во селото Сув Орах, преку кое и стигнавме до крајната цел.

По патот, кај еден од учениците почнаа да се јавуваат здравствени проблеми, но со правилно дишење и цврста воља, незапирливо напредувавме кон езерото.

27092010010824Shugendo-2389748.jpgКога стигнавме на предвидената цел, инструкторот Довезенски одржа кратко предавање (Сеишин Теки Кјојо), а потоа групата се спушти кон Карпинскиот Манастир. Учениците беа вчудоневидени од убавината на ова македонско светилиште, но и од пејсажите во околината за кои слободно можеме да кажеме дека се едни од најубавите во нашата земја.

По краткиот ручек (подготвен од дома и напикан во тешките ранци), учесниците на семинарот тргнаа назад кон почетната точка. Околу 22.00 часот, по речиси 13 часа непрекинато движење, се вративме повторно на стартното место.

Да се учествува и успешно да се заврши Патот на шугенџа многу значи. Тоа е самоспознавање односно запознавање со сите наши физички и ментални слабости. Тоа може директно да ни посочи во кои делови од нашето тело и ум треба повеќе да вложуваме. Патот на шугенџа го изградува нашиот карактер и ги развива нашите способности до крајни граници.

Ова е повеќе од семинар. Нинпо Иккан! 

Патот на Шугенџа ®

Posted on Categories Почетна

16092010021207dadas.jpgСекоја година, во последната недела од месецот септември, воините на Буџинкан Македонија го одржуваат традиционалниот семинар Патот на Шугенџа.

За оваа година, учениците ја избраа рутата од подножјето на
Липац до Мокро Езеро. За разлика од минатите години, кога километражата ни беше непозната, овој пат имаме сознанија дека ќе треба да изодиме околу 40 километри во текот на денот.
Ќе ги
посетиме попатните цркви и манастири, како и останатите свети места,
каде преку медитација и молитва ќе ја надополниме загубената енергија.
Како помошни средства ќе користиме единствено стари топографски карти и
компас.

Шугендо
е древен јапонски метод кој ги истражува 16092010021147wf.jpgрелациите помеѓу човекот и
природата. Во буквален превод, Шугендо значи „Пат на вежбање и
тестирање“, односно тоа е аскетска дисциплина која има за цел да
постигне самоусовршување преку повлекување во планина, медитација под
водопади и ладни реки, вежби за дишење на недостапни терени, се до достигнување на неверојатни подвизи преку тестирање на телесната и
менталната издржливост. Тие кои го практикуваат овој метод, познати се
под името Шугенџа, а учењето се практикува во Јапонија се до денешни
дни.
За
основач на учењето се смета Ен но Гјоџа, кој живеел во близина на Кјото
во 7 век од нашата ера. Другото име, по кое овие следбеници биле
познати, е Јамабуши или Планински Воини. Тие крстосувале по планинските
сртови на јапонските острови посетувајќи и заштитувајќи ги
многубројните храмови.
Некои учени веруваат дека токму овие луѓе, здружени со пребегнатите кинески генерали по падот на
династијата Танг, се сметаат за основоположници на вештината Нинџутсу.

Тема: Патот на Шугенџа / Духовно патување

Ден: 26 септември, 2010 (недела)

Место: Липац-Мокро Езеро

Програма:   
07.00 часот – поаѓање од Скопје
08.00 часот – пристигнување и почеток на маршот
 ??.?? –  враќање назад

16092010021159iug.jpgОпрема: Земете се што имате, колку потешко-толку подобро (и побезбедно).

п.с. Не е исклучена средба со диви животни, дожд, невреме и останати непредвидени работи. Секој доаѓа на сопствен ризик.

* Пред да се пријавите, „прочепкајте“ ги информациите на нашата веб-страница од минатите години.

Хуманитарен тренинг во недела

Posted on Categories Почетна

0209201001354541570_144671432228145_9893На малата Сара Ѓорѓиевска неодамна и е откриен тумор на мозокот кој треба итно да се оперира во болницата ACIBADEM во Турција. Операцијата чини околу 30.000 евра, а родителите не се во можност сами да ги соберат сите средства. По тој повод, во недела, со почеток во 11.00 часот, на Водно ќе одржиме хуманитарен тренинг, а собраните средства ќе бидат наменети како мала помош за малата Сара.

Тренингот е отворен за сите, цената на истиот изнесува 300 денари, а темата ќе биде Шинкен Гата.

Како клуб кој има многу пријатели во земјава и во странство, ги повикуваме сите кои не се во можност да присуствуваат на тренингот да донираат преку телефоните:

070 143 143
077 143 193
075 143 143
или преку трансакциската с-ка во Стопанска банка.
Сара Ѓорѓиевска
200002201109539 на Стопанска банка.
Бул.Ј.Сандански 112-2-21

Sasko Gjorgjievski-Devizna Smetka
Radisanska 17/2-24Skopje
IBAN Code: MK07210501562799738
SWIFT : TUTNMK22
NLB Tutunska Banka A.D Skopje
Vodnjanska br.1

Упис на нови членови

Posted on Categories Почетна

24082010014853upisi2387367.jpgПо успешно одржаниот Летен Нинџа Камп и малиот одмор што следуваше потоа, Школото за класични јапонски борбени вештини Пат кон Сонцето / Буџинкан Македонија продолжува со работа.

Тренинзите започнуваат од 01 септември во деновите понеделник, среда и петок (како и досега). Ги повикуваме сите заинтересирани кои сакаат да се зачленат и да започнат да чекорат по трнливиот Пат на традиционалните јапонски боречки вештини да се јават на нашиот телефон 077 976 906, или, пак, да испратат писмо на нашата електронска адреса: daito_macedonia@yahoo.com

Од 02 септември со работа започнува и нашето доџо за Даито рју Аикиџуџутсу и Оно ха Итто рју Кенџутсу, кое е лоцирано во центарот на градот, а ќе работи во деновите вторник, четврток и сабота. Ве очекуваме. 

п.с. Зачленувањето во доџо-то се одвива во текот на целата година, но септември е најдобар термин за да се започне со вежбање.

Одиме на (одмор) нинџа камп

Posted on Categories Почетна

03082010163158Kamp2010.jpgЕдинствениот
месец (август) кога доџо-то на Буџинкан Македонија престанува со работа, се
користи за учество на нашиот Летен Нинџа Камп. Како и минатата година,
така и оваа, настанот ќе се одржи од 04 до 12 август, при што подеднакво ќе уживаме и во
тренинзите и во дружењето.

Иако беше
предвидено учество на само 14 ученици, капацитетите ги зголемувавме два пати,
од причина што интересот беше огромен, а местата беа пополнети за само две
недели од објавувањето. Така, на крајот беше одлучено бројката да се стопира на
18 учесници. Ваквиот огромен интерес само покажува дека квалитетот и содржините
на нашиот камп се на највисоко ниво.

Истовремено им се
извинуваме на сите што моравме да ги одбиеме поради ограничените капацитети.
Едноставно не сакаме да го намалиме нивото на овој прекрасен настан.

Доџо-то во Скопје
продолжува со работа од 1 септември на исто место и во исто време. Ги
известуваме сите заинтересирани за Буџинкан Нинџутсу дека тогаш ќе можат да се зачленат и да почнат
со редовните тренинзи.

Со почетокот на
новиот семестар, во центарот на Скопје отвораме уште едно доџо, за Даито рју
Аикиџуџутсу и Оно ха Итто рју Кенџутсу, две класични јапонски самурајски школи.
Со ова, ние стануваме единствени претставници и на организацијата Даито рју
Аикибудо Даитокаи на територијата на цела Југоисточна Европа.

Ви посакуваме
пријатен одмор.

Преживеавме

Posted on Categories Почетна

26072010070708Pre2.jpgОд осум пријавени
учесници на овогодинешното Преживување, седумина преживеава. Четворица од нив
беа ветерани, на кои ова им беше четврто Преживување, додека останатите тројца
беа „гуштери“. Еден од почетниците се откажа во текот на првиот ден, но сепак,
се здоби со едно големо искуство кое ќе му помогне следната година успешно да
се справи со кризите кои се јавуваат во текот на овој семинар.

Првиот ден почна
стандардно со кондиционен тренинг (џунан ундо и атеми но танрен). Потоа започнавме
со изградба и средување на кампот. Следуваше уште еден тренинг, а потоа силен
марш до друга локација, каде што се одржа кенџутсу и шурикен кеико, по што се
одржа предавање (куден). Денот заврши со тренинг за развивање на шестото сетило
(харагеи). Секако, седнувањето на задник не беше дозволено во текот на двата
дена.26072010070724Pre3.jpg
Распоредени на стража,
учениците на Буџинкан Македонија се погрижија ноќта да помине во најдобар
ред.

Следниот ден, започна
повторно со кенџутсу и тоа уште пред изгрејсонце. Првите сончеви зраци ги
дочекавме изведувајќи техники со бокен, напаѓајќи и блокирајќи ги ударите упатени од
страна на нашите „противници“. Потоа повторно марш до С’мкнено, каде што како и
секоја година ја обновивме силата со медитација под карпа издлабена од водопад што
во текот на зимата тече на тоа место. Продолживме со вежбање, најпрвин со
таиџутсу, а потоа повторно со бо шурикен.

26072010070650Pre1.jpgПо завршувањето на
тренингот уште еднаш се „фрливме“ на средување на просторот и изградба на
пристапни патеки кон јужниот дел од кампот. Откако успешно ја завршивме и таа
задача, повторно со силен марш се упативме кон местото „Стари Лозја“ каде што
го уредивме светиот крст посветен на „Свети Трипун“. Во 13.00 часот, вториот
ден, за прв пат беше дозволено да се седне на задник, со што започна
традиционалното „чмаење“, при што, повторно се одржаа неколку кратки
предавања (куден). Во 16.00 часот семинарот заврши.

И оваа година се покажа
дека после три Преживувања, нашите ветерани немат никаков проблем да издржат
26072010070739Pre4.jpgпод било какви услови и притисоци. Тие речиси и да не покажаа никаков замор во
текот на двата дена. Од почетниците, одлични резултати покажа Катерина Д., која
успеа да преживее при првото нејзино учество. Исто така им честитаме и на
Драган Н. и Горан М., кои за разлика од минатата година, оваа успешно го завршија
семинарот, со што докажаа дека упорноста секогаш се исплатува на крајот.

Се надеваме дека
следната година уште повеќе наши ученици ќе се обидат да го поминат овој тест.

Дојде денот за...Преживување !!!

Posted on Categories Почетна

15072010022719prezi1.jpgТрадиционално, како и секоја година, така и оваа, дојде денот кога можеме да ги испробаме нашите способности и вештини на дело:

Преживување во природа!

Два пеколни дена, далеку од цивилизација, без храна, вода (само литар ипол за двата дена), облека и
хигиенски средства. Два дена вежбање, медитација и голо преживување.

Место: С’мкнено (26 км. до најблискиот град и болница / пустински услови)

Време: 24 и 25 јули, 2010 година

Поаѓање: сабота во 07.00

Враќање: само Господ знае

Дозволена опрема: вреќа за спиење,
шаторско крило, војничка униформа (панталони и кошула),
една маица, капа, еден пар гаќи (широки), еден пар чорапи, јаже, нож, шише од литро ипол (наполнето со вода) и оружја за тренинг кои можете и сакате да ги понесете.

Важно: забрането носење храна,
вода и останати работи кои не се наведени погоре. Пред поаѓање,
ќе има задолжителна проверка. 

Најважно:
семинарот е предвиден само за цврсти момци и девојки. Условите за
тренинг ќе бидат исклучително тешки, а дисциплината ќе биде железна.
Тие кои не се чуствуваат психофизички спремни за во пекол и кои не се
подготвени да го убијат
сопственото его, ги молиме да не се пријавуваат за семинарот. Дозволена
количина на вода за пиење за двата дена:
1.5 литри. Имајте во предвид дека температурата на воздухот може да се
искачи над
45 целзиусови. Забрането седнување на задник за време на семинарот (во
текот на двата дена). Само три часа спиење, останатото време тренинг.

п.с. Забрането жалење, изговори и плачење за време на семинарот.

Одржана прославата по повод јубилејот

Posted on Categories Почетна

13072010005008Proslava-1.jpgПо повод 15 години од основањето на Школото за класични јапонски борбени вештини Пат кон Сонцето / Буџинкан Македонија, вчера во просториите на доџо-то се одржа прослава на која присуствуваа сегашни, но и поранешни членови на нашата организација.

Беше прекрасно да се види како учениците се поврзани меѓусебно и како се негува другарството во нашиот клуб. Атмосферата беше одлична, а за тоа допринесе и музичката група составена исклучиво од наши членови.
Буџинкан Македонија продолжува со својата работа. И натаму наша основна цел останува проучувањето на класичните јапонски боречки вештини, како начин за усовршување на поединецот, развивање на моралните особини, градење на чесни, праведни и вредни индивидуи, кои во секое време ќе бидат спремни да се стават на располагање на нашето општество и држава. Развивање на посветеноста, истрајноста и верноста односно сето она што може да не направи подобри во иднина.13072010005020Proslava2.jpg

На крајот, сакаме да се заблагодариме на сите наши ученици кои се доволно храбри за да чекорат по Патот. Особено голема благодарност до нашиот член Александар В., човек кој и после толку години знае да изненади со своето другарство. Тој е добар пример за помладите ученици во однос на тоа како треба да се негува пријателството.

Одиме напред. Нема лабаво.