Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу семинар во природа

Posted on Categories Почетна

04042011140749SFR87.jpgШколата Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу е позната по своите природни движења. Едно од правилата на оваа рју-ха вели дека е потребно да изградиме доџо во природата и таму да вежбаме ускладени со опкружувањето и универзумот.

На 10 април (2011), инструкторот Игор
Довезенски ќе одржи семинар на тема: „Шинден Фудо рју – следниот чекор“.

На овој настан предвидено е да се вежбаат неколку кати, најпрвин според деншо-то во нивната традиционална и оригинална форма, а потоа истите да се вежбаат преку хенки кои ќе ги подигнат катите на повисоко ниво преку додавање разни елементи во нив.

На семинарот можат да учествуваат сите ученици на
доџо-то Буџинкан Македонија / Пат кон Сонцето.

Потребна опрема за вежбање: ги, оби и таби (за тие што имаат)

Ден: 10.04.2011 (недела)

Место: Корнишор

Програма:
08.00 часот – поаѓање од Скопје
09.00 часот – пристигнување
10.00 -16.00 часот –
теоретски и практичен дел
17.00 враќање назад

За повеќе информации, слободно контактирајте не преку нашиот и-мејл.

Одржана Работилницата за самоодбрана за жени

Posted on Categories Почетна

03042011180735rabot2.jpgДесет припаднички на
поубавиот пол, речиси сите членки на хомбу доџо-то на Буџинкан Македонија, успешно
ги совладуваа техниките на борба за време на денешната “Работилница за
самоодбрана за жени“.

Како што е веќе познато,
овој настан се одржува на секои две години, а наменет е специјално за девојките
односно жените од нашето школо, со цел подобро да се запознаат со принципите и
начинот на борба на легендарните јапонски воинки познати под името куноичи.

Темата на овогодинешната Работилница беше „Скриените оружја во женската
чантичка“. За таа цел, инструкторот Игор Довезенски ги одбра
предметите кои се неизбежен детаљ во секоја женска чанта и со секој од нив
демонстрираше по три техники. Потоа девојките ги вежбаа движењата меѓу себе, а сите
имаа можност техниката да ја испробаат преку реален напад од страна на семпаи
Марјан Прошев.

Четирите саати „летнаа“ неверојатно брзо, што за 03042011180721rabot1.jpgучесничките беше знак дека Работилницата
 поминала во многу забавна атмосфера. На
крајот беа доделени сертификати за учество, со цел учесничките да имат спомен
од овој прекрасен настан.

Што се однесува до нашите дами и до нивната подготвеност, може да се каже дека
нивниот напредок во јапонските класични борбени вештини со секоја година е се повидлив и
поочигледен, а нивниот капацитет и талент се на многу високо ниво.

Одржан семинарот во Градско

Posted on Categories Почетна

28032011100356gradsko9087.jpgВо одлична другарска и работна атмосфера помина семинарот кој вчера се одржа во Градско, а во организација на нашата секција од оваа општина. Покрај домаќините, учество на настанот земаа и почетниците од секцијата во Тафталиџе, како и од Хомбу доџо-то од Скопје.

Помладите инструктори на Буџинкан Македонија, Марјан Прошев и Марко Опачиќ, во текот на целиот ден ги предаваа основите на школите Кото рју, Гјокко рју, Шинден Фудо рју и Такаги Јошин рју, а дваесетмината учесници на семинарот неуморно ги впиваа знаењата од овие четири класични јапонски борбени традиции.

Во текот на тренингот, но и за време на паузите, семпаи Прошев и семпаи Опачиќ, ги објаснуваа разликите и сличностите помеѓу школите, но истовремено раскажуваа и за своето позитивно искуство како членови на Буџинкан Македонија.

На крајот, честитки за одличната организација на семинарот на Панче Коцев, кој е на добар пат да навлезе подлабоко во прекрасниот свет на класичните јапонски борбени вештини (корју буџутсу).

Работилница за самоодбрана за жени

Posted on Categories Почетна

21032011085920Rabotilnica7867.jpgТрадиционално, на секои две години, Школото за класични јапонски борбени вештини Буџинкан Македонија ја организира својата надалеку позната:
Работилница за самоодбрана за жени.

Темата на овогодинешниот семинар  носи наслов:
Скриените оружја во женската чантичка.

Во работилницата посветена за самоодбрана на
женскиот пол ќе добиете практичен одговор на
следните прашања:

Што ако…?
-ме навредува?
-ме удри?
-ме клоцне?
-ме зграпчи?
-ме собори на земја?

Работилницата
е предвидена и прилагодена за припадничките на понежниот пол кои немаат
никакво искуство во боречките вештини, но секако, добредојдени се сите без разлика на нивото на знаење.

Потребна опрема:
тренерки, чанта, дезодоранс, чешел, прстен, шнола, клучеви за кола или за врата, чадор, пенкало.
Можете да вежбате боси или по чорапи (на душеци). Опремата по можност да биде постара, износена или надвор од употреба. Доколку немате нешто од наведеното, слободно пишете и ние ќе Ви обезбедиме.

Датум на одржување:

03 април, 2011 година

Време: од 11.00 до 15.00 часот

Место: Тафталиџе.

Дополнителни информации: 077 976 906 или на е-маил: daito_macedonia@yahoo.com

Интервју со инструкторот Игор Довезенски за „Дневник“ на оваа тема:

http://www.bujinkan.org.mk/index.php?page=magazine#1192c497ffb4389c4ded8a10fca07e05

Одржан семинарот за Фукија

Posted on Categories Почетна

20032011210319fukija765.jpgПри исклучително студено
време, проследено со дожд и ветер, се одржа семинарот за Фукија. Местото
одбрано за овој настан, Лока, кое во текот на целиот ден беше буквално меѓу
облаци натежнати од влага, се покажа доста сурово кон воините на Буџинкан
Македонија. За време на тренингот, облеката постојано ни беше влажна, а мокрите
нозе и чизми правеа целото тело да трепери со цел да се одржи температурата на
нормално ниво.

Споредено со семинарите на
кои што ги изучуваме другите оружја, овие со фукија секогаш се покажале како прилично
лесни што се однесува до физичкиот напор, но затоа инструкторот Игор Довезенски
секогаш одбира доста тежок терен за работа, како и добар ритам на искачување
додека да се стигне до него.

Семинарот започна со
кратко предавање за ова оружје, 20032011211044fukija65.jpgкое потекнува од традицијата на Тогакуре
школата, по што инструкторот Довезенски, им објасни на учесниците за начинот на
изработка и употреба на фукијата во секакви услови на борба. Потоа, се пристапи
кон гаѓање во мета од неколку положби на телото (камае). За учениците, посебно забавен
беше начинот на пренесување на пораки преку стрелки, како и гаѓањето со игла.

Се на се, ова искуство
како и секое друго кое се стекнува на семинарите во природа, ќе им биде од
голема корист на нашите членови кои дури ни во најтешките мигови не покажуваат
слабост или самосожалување. Иднината на Буџинкан Македонија со вакви ученици е
загарантирана.

Семинар во Градско

Posted on Categories Почетна

15032011080135gradsko2457.jpgНа 27 март (2011), семпаи Марјан Прошев и семпаи Марко Опачиќ,
ќе одржат семинар за секцијата на Буџинкан Македонија во Градско.

Семинарот е отворен за сите почетници, без разлика на возраста и полот.

Тема: Кихон Буџинкан Рју-ха.

Место: Дом на култура „Крсте Петков
Мисирков“

Време: 11.00-15.00

Пријавување на нашиот и-мејл или на телефонот 071 277 457.

Учество на семинар со шиханот Педро Флеитас

Posted on Categories Почетна

14032011122757pedro786.jpgНа покана од клубот Татсуџин од Белград, инструкторот на
Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, заедно со својот ученик Марјан Прошев,
учествуваа на семинар предводен од познатиот буџинкан мајстор Педро Флеитас од
Шпанија.

Семинарот со мајсторот Флеитас се одржа во саботата и во неделата, додека во
петокот, тренинг одржа мајсторот Мигуел Санз, водач на доџо-то во Мадрид. Така
имавме можност за прв пат да се запознаеме и со техниката на овој млад шихан,
инаку личен ученик на Флеитас.

Освен тренингот, трите дена ги искористивме и за 14032011122803pedro3478.jpgдругарување
со сите наши пријатели кои водат или вежбаат во доџо-ата ширум балканскиот
полуостров. Како и секогаш, моментите со нив беа пријатни, а разговорите за
изминативе години поминати во дружење и тренирање едноставно ги навраќаа
спомените назад.

За време на семинарот, шиханот Педро Флеитас одржа
полагање за годан (сакки тест) кој успешно го поминаа пет кандидати. Им
честитаме на сите.

На крајот да се заблагодариме на организаторот Саша Кешиќ за организацијата на
семинарот.

Семинар во природа: Фукија

Posted on Categories Почетна

На 20 март, инструкторот Игор
Довезенски ќе одржи семинар во природа на тема: Фукија.

Станува збор за необично оружје кое било користено 21022011081151fukija574.jpgод страна на легендарните јапонски шиноби воини и кое задолжително било проучувано како дел од школата Тогакуре рју Нинџутсу.

Фукија е цевка за издувување на стрелки, а на семинарот ќе се изучуваат сите аспекти на оружјето, од развитокот, па до начинот на употреба.

На семинарот можат да учествуваат сите ученици со обоен појас на Буџинкан Македонија / Пат кон Сонцето.

Потребна опрема за вежбање: фукија и стрелки.

Тема: Фукија

Ден: 20.03.2011 (недела)

Место: Лока

Програма:

08.00 часот – поаѓање од Скопје

09.00 часот – пристигнување

10.00 -16.00 часот –
теоретски и практичен дел

17.00 враќање назад

Семинарот ќе се одржи без разлика на временските услови.

Успешно одржан семинарот „Силата на Јари-то“

Posted on Categories Почетна

13022011224856jari37.jpgНа местото викано Слепо
Коло, на ридот Орљак, се одржа семинарот на тема: „Силата на Јари-то“. На
настанот учествуваа 11 членови на Буџинкан Македонија, кои во текот на целиот ден
ги учеа начините на борба со копје, но и техниките на формациско борење со ова
оружје.

Како и секогаш,
инструкторот Довезенски навлегуваше во најситните детаљи во техниките, а учениците
упорно ги вежбаа и совладуваа. За нив особено беше интересен начинот на
формациско борење, каде што група вооружена со мечеви се обидуваше да ја помине
линијата поставена од копјаници. Со употреба на разни тактики (какехики),
сите напади успешно беа спречени, а напаѓачите совладани за кратко време.
Посебен впечаток остави начинот на формирање на 13022011224914jari38.jpgтаканаречените „круг на
одбрана“ и „опасната стоногалка“ кои учесниците на семинарот за кратко време ги
совладаа.

На крајот на семинарот
сите учесници имаа можност да ги вежбаат научените техники на мета (вреќи
набиени со слама), при што уште подобро ја разбраа идејата и силината на
јари-то (копје), но и важноста од кондициската подготвеност при вежбање со ова ефикасно
оружје.

Ново доџо на Буџинкан Македонија

Posted on Categories Почетна

10022011140312Plakat_Dojo_Web.jpg

Сакаме да Ве информираме дека нашето школо за класични јапонски борбени вештини ќе отвори уште едно доџо во скопската населба Тафталиџе (кај млечниот ресторан).

Тренинзите ќе ги одржуваат семпаи Марјан Прошев и семпаи Марко Опачиќ, во деновите вторник, четврток и сабота од 18.30 до 20.00 часот.

Со ова, инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, се повлекува од активно подучување на почетници и ќе вежба само со напредните ученици во централното доџо (Хомбу). На овој начин основачот на Буџинкан во Македонија и човекот што ги донесе класичните јапонски борбени вештини во нашата земја, Игор Довезенски, уште повеќе ќе се посвети на својот тренинг и на понатамошното усовршување во корју буџутсу (класични јапонски борбени школи).

Сите заинтересирани за упис во новото доџо можат да добијат дополнителни иформации на телефонот 071 277 457.