Одржан семинарот „Силата на Јари - тактика и стратегија“

Posted on Categories Почетна

17102011065618jari765.jpgСеминарот со наслов „Силата на Јари – тактика и стратегија“, што вчера се одржа на падините на ридот Орљак, отвори нови видици за учениците што учествуваа на настанот.
Имено, ако минатата година уживаа откривајќи ја силата и моќтта на копјето, овој пат стопроцентно се уверија во неговата ефикасност и надмоќ во однос на противникот вооружен со друго оружје.

Семинарот започна со предавање и тренинг на основните техники на удирање и блокирање со катана (сабја) и со јари (копје). Потоа се продолжи со увежбување на различни борбени сценарија (кати) и тоа: копје против меч и копје против копје.
На крајот, се вежбаа техники на формациска борба, а како и минатата година, така и оваа, учениците на 17102011065636jari987.jpgБуџинкан Македонија уживаа во разновидноста на тактитата и на стратегијата на овој начин на војување.

Што се однесува до временските услови, во текот на денот постојано се менуваше од сончево на облачно и обратно, но температурата на воздухот на моменти беше исклучително ниска, додека ветерот што дуваше од север неуспешно се трудеше да ја намали вољата кај учесниците. По завршувањето на семинарот, некои од нив побараа овој семинар следната година да биде дводневен.

Силата на Јари - тактика и стратегија

Posted on Categories Почетна

06102011054035jariseminar.jpgПо минатогодишниот многу успешен семинар „Силата на јари-то“, оваа година одлучивме да одржиме уште еден сличен. Разликата ќе биде во тоа што овој пат нема да се изучуваат кати, туку ќе се работат само техники на одбрана од меч, одбрана од копје, како и формациско борење.
За таа цел, ќе се вежба на специјално подготвени кукли за да може да се почуствува духот на минатото, но и да се добие пореална представа за тоа како изгледала борбата со копје.

„Школото Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу
ги користи следниве оружја: Јари (копје), Оно (воена секира), О Тсучи (голем
чекан), Тачи (меч) и Нагината. Легендата вели дека една вечер демонот (Тенгу) му
дошол на сон на основачот на вештината и го научил како да се бори со Јари.
Овие техники и ден-денес се сметат за најголема тајна на школата.„

На 16 октомври, инструкторот Игор
Довезенски ќе го одржи 10-тиот семинар во природа за оваа година.
Семинарите во природа се заштитен знак на доџо-то Буџинкан Македонија и се одржуваат уште од самото основање на организацијата Пат кон Сонцето.
Ние веруваме дека тренингот во урбан и затворен простор никогаш не може да ни ги доближи условите на борбата што се одвивала на бојните полиња, па затоа редовно одиме во природа и се обидуваме да го осетиме духот на минатото.

На семинарот можат да учествуваат сите ученици на
доџо-то Буџинкан Македонија / Пат кон Сонцето.

Потребна опрема за вежбање: бокен и
јари

Тема: Силата на Јари-то

Ден: 16.10.2011 (недела)

Место: Слепо Коло

Програма:

08.00 часот – поаѓање од Скопје

09.00 часот – пристигнување

10.00 -16.00 часот –
теоретски и практичен дел

17.00 враќање назад

Успешно заврши Патот на Шугенџа ®

Posted on Categories Почетна

26092011104917shu7.jpgСите 11 учесници кои беа пријавени за овогодинешниот „Патот на Шугенџа“, успешно го завршија семинарот поминувајќи 50 километри за дванаесет ипол часа.

Настанот започна во 08.00 часот наутро, кога членовите на Буџинкан Македонија се упатија кон крајната цел – местото Камена Свадба во селото Куклица.
При тоа, како и секоја година, ги посетивме сите попатни свети места кои зрачеа со својата енергија наоколу и позитивно делуваа на нас.
Околу 15.00 часот, стигнавме до крајната цел, по што, после полчасовен одмор, се упативме назад кон почетната точка.
Во 20.30 часот, се вративме под Липац, од каде што и тргнавме.
Во текот на целиот ден, ги поминавме селата Бељаковце, Коњух, Шопско Рударе, Вак’в, Куклица и Димонце, при тоа завртувајќи голем круг околу предвидената рута.
Најголем впечаток ни остави селото Куклица, кое беше толку големо и со толку многу маала, што изобилуваше со навистина прекрасни пејсажи. Некои негови делови беа толку многу таинствени и сокриени од цивилизацијата, така што буквално видовме места каде што човечка нога не стапнала со години.
Учесниците покажаа навистина силен дух, иако на неколку пати намерно беа провоцирани и тестирани од водачот на Буџинкан Македонија, шидоши Игор Довезенски.

Уште еднаш, се покажа дека семинарот Патот на Шугенџа е еден од најтешките, но истовремено и најпривлечни семинари во организација на нашето доџо.

Патот на Шугенџа ®

Posted on Categories Почетна

18092011201311shugendo876.jpgТрадиционално, секоја година во последната недела од месецот септември, воините на
Буџинкан Македонија го одржуваат семинарот Патот на
Шугенџа.

Оваа година ја избравме рутата од подножјето на
планината Липац до локалитетот Камена Свадба во селото Куклица (и назад).

Шугендо
е древен јапонски метод кој ги истражува релациите
помеѓу човекот и
природата. Во превод Шугендо значи „Пат на вежбање и
тестирање“, односно тоа е аскетска дисциплина која има за цел да
постигне самоусовршување преку повлекување во планина, медитација под
водопади и ладни реки, вежби за дишење на недостапни терени, се до
достигнување на неверојатни подвизи преку тестирање на телесната и
менталната издржливост. Тие кои го практикуваат овој метод, познати се
под името Шугенџа, а учењето се практикува во Јапонија се до денешни
дни.

За
основач на учењето се смета Ен но Гјоџа, кој живеел 18092011201332shugendo987.jpgво близина на Кјото
во 7 век од нашата ера. Другото име, по кое овие следбеници биле
познати, е Јамабуши или Планински Воини. Тие крстосувале по планинските
сртови на јапонските острови посетувајќи и заштитувајќи ги
многубројните храмови.
Некои учени веруваат дека токму овие луѓе, здружени со пребегнатите кинески генерали по падот на
династијата Танг, се сметаат за основоположници на вештината Нинџутсу.

Тема: Патот на Шугенџа / Духовно патување

Ден: 25 септември, 2011 (недела)

Место: Липац – Куклица – Липац

Програма:
07.00 часот – поаѓање од Скопје
08.00 часот – пристигнување и почеток на маршот
Враќање назад – само Господ знае!

Опрема: Земете се што сакате. Се е на Ваша одговорност и совест.

п.с. Не е исклучена средба со диви животни, дожд, невреме и останати непредвидени работи. Секој доаѓа на сопствен ризик.

* Пред да се пријавите, проверете ги информациите на нашата веб-страница од минатите години.

Одржан семинар за Даито рју и Оно ха Итто рју во Македонија

Posted on Categories Почетна

12092011222906certa76.jpgВикендов во главниот
град на Македонија се одржа семинар за Даито рју Аикиџуџутсу и Оно Ха Итто рју
Кенџутсу (Такеда ден) под водство на единствениот нејапонски шихан за овие две
традиционални јапонски школи, Антонино Черта од Италија.

Семинарот беше организиран од страна на огранокот на Европската организација
Даито Каи за Македонија, „Корју доџо“, кое заедно со доџо-то „Буџинкан
Македонија“ ја сочинуваат единствената организација која ги негува класичните
јапонски боречки школи во нашата земја – Пат кон Сонцето.

Во договор со сенсеи Черта, одлучивме настанот да биде затворен за јавност и на
него да можат да учествуваат само членовите на нашата организација, додека
следната година семинарот ќе биде отворен за сите кои сакаат да научат повеќе
за овие вештини.

Инаку, сенсеи Черта пристигна во Македонија уште во четврток наутро, по што
веднаш го започна тренингот со неговиот личен ученик и претставник за
Македонија, Игор Довезенски.
Следниот ден, тренинзите продолжија во подножјето на планината Липац односно на
местото каде што се гради Хомбу доџо-то на Пат кон Сонцето.
Во саботата започна и официјалниот дел на семинарот, 12092011222930certa897.jpgна кој се работеа техники
од нивоата Икаџо, Никаџо и Санкаџо од Хиден Мокуроку, додека во пладневните
часови се вежбаа субури, кихон и кати од Оно ха Итти рју Кенџутсу.
Истиот распоред продолжи и во неделата, кога заврши и официјалниот дел од
семинарот.

За време на петте дена колку што сенсеи Черта беше во Македонија, тој имаше
можност да се запознае и со македонската култура и традиција кои што слободно
можеме да кажеме дека го оставија без зборови. Учителот посети неколку
македонски села и градови, каде што уживаше во македонската традиционална
кујна, а уште повеќе во разгледувањето на нашите преубави светилишта.

За квалитетот на подучувањето на сенсеи Черта, нема што многу да се зборува.
Како и секогаш, тоа е на највисоко ниво, а тој несебично се труди да пренесе
колку што може повеќе од ове две традиционални јапонски школи.

Упис на нови членови во Буџинкан Македонија

Posted on Categories Почетна

24082011081755Upis_2011.jpgШколото за
класични јапонски борбени вештини Буџинкан Македонија, во текот на месец
септември ќе врши упис на нови членови во своето доџо. Сите заинтересирани
треба да го најават своето присуство на и-мејл или на телефоните: 071 277 457
или 077 976 906.

Пред да се одлучите да станете наши ученици, Ве молиме да прочитате неколку
факти, но и да размислите дали Буџинкан Македонија е вистинското место за Вас.

Нашето доџо (школо) е основано во 1995 година од страна на шидоши (учител) Игор
Довезенски, единствениот признат инструктор кај нас од страна на меѓународната
организација Буџинкан Доџо и нејзиниот соке (поглавар) Масааки Хатсуми. Шидоши
Довезенски има полагано за годан (5 дан) пред 20 шихани (мајстори од највисок
ранг) и е првиот и единствениот Македонец во светот носител на ова високо
признание. Тој поседува менкјо (лиценца) која му дозволува да раководи со
единственото доџо за класични самурајски и нинџа вештини во Македонија.

Буџинкан Македонија е еден од најголемите и најдинамични Буџинкан клубови во
целиот свет. Ние се согласуваме дека квалитетот е поважен од квантитетот, но
сме убедени дека квалитетот неминовно носи квантитет. Полното доџо е само
потврда за големото знаење и напредок кое се стекнува кај нас.

Тренингот во нашето доџо е тежок, а Патот е исполнет со многу пот, солзи и
откажувања. Доколку сте подготвени да промените некои работи од Вашиот живот,
тогаш придружете се и бидете дел од нашето семејство – Буџинкан Македонија.

Дознај нешто
повеќе…(тука) и (тука)

Заврши Летниот Нинџа Камп 2011

Posted on Categories Почетна

13082011123942kamp2011.jpgТретиот по ред Летен Нинџа Камп заврши како што само може да се очекува
кога на едно место ќе се соберат толку многу квалитетни и искрени ученици кои од година на година напредуваат на секое поле од животот.

Деветте дена поминаа во незаборавно дружење, тренинзите беа исцрпувачки, а
капацитетот беше исполнет уште во април односно за само две недели по објавувањето.

Вежбањето започнуваше во 08.00 со џунан таисо, а продолжуваше после доручекот
во 09.30 часот со Гјокко рју Кошиџутсу. Потоа следуваше џунан ундо тренинг и
атеми но танрен, по што воините на Буџинкан Македонија заминуваа на капење во
река со цел да ги опуштат мускулите и „залечат“ раните и модриците во свежата
вода.
Четвртиот тренинг беше посветен на Тогакуре рју Бикенџутсу што претставуваше
вистинско задоволство за сите ученици, додека во доцните вечерни часови се
изведуваа ноќни нинџа тренинзи или се гледаа стари јапонски самурајски филмови.

Храната како и секогаш беше подготвувана на стар македонски начин, со употреба
на воглавно свежи и еколошки продукти од сопствено производство, а менито беше
исполнето со локални специјалитети и вариетети.

Сите учесници си заминаа задоволни и среќни поради убаво поминатиот активен одмор,
а повеќето од нив веднаш се пријавија за следниот Летен Нинџа Камп 2012. Сите
тие уште еднаш се уверија дека кампот е еден од најдобрите начини за квалитетен
напредок и детаљно учење и проучување на катите и техниките на традиционалните
јапонски боречки школи.   

Преживеавме!

Posted on Categories Почетна

31072011210148Image4225.jpgСо најмалку пријавени
учесници за семинарот Преживување во природа® досега, успешно заврши овој
настан по кој Школото за класични јапонски боречки вештини Буџинкан Македонија
надалеку е познато. Од вкупно пет пријавени членови на доџо-то, оваа година преживеава
сите.

Овој пат, имавме среќа да ги избегнеме големите горештини кои се вообичајни за
овој период во годината во Македонија, но затоа се сретнавме со друга
неприлика. Имено, според кажувањата на постарите мештани кои што живеат во околината
на планината Липац, вчеравечер била најладната летна ноќ досега. Така, во
периодот од 02.00 часот до 06.00 наутро, температурата се спушти на само неколку
степени над нулата, а влажноста на воздухот беше толку голема, што вреќите за
спиење заедно со целата опрема беа целосно мокри. Во такви услови, ноќтта беше
навистина долга и тешка.

Во текот на саботата, покрај лекциите за изработка на 31072011210118Image4212.jpgзасолниште, шидоши Игор
Довезенски ги подучуваше учениците на техники на борба со нож, како и техники
на голорака самоодбрана.
Неделата на изгрејсонце, како и секогаш беше резервирана за кенџутсу, а потоа  за медитација покрај малиот водопад, што исто
така се изведува секоја година за време на преживувањето.  

По ова, учесниците на семинарот се упатија кон „Стари лозја“, место кое имало
големо култно значење за локалните жители се до почетокот на 20 век. Потоа,
местото било препуштено на заборавот, а ритуалите сосема напуштени. Поради тоа,
членовите на Буџинкан Македонија уште за време на минатогодишното преживување
одлучија да го обноват ова култно место, а оваа година акцијата беше сосема
завршена. Со тоа, „Стари лозја“ повторно го доби камениот крст кој што беше
закопан длабоко во земја (и искршен поради забот на времето), а светиот даб
беше целосно исчистен од грмушките и трњата наоколу. Со акцијата повторно
покажавме дека членовите на Буџинкан Македонија не само што ги негуваат
јапонските традиционални боречки вештини, туку и се грижат за македонската
култура и традиција.

Преживување во природа®

Posted on Categories Почетна

13072011124751465.jpg„Само најсилните преживуваат“.
Под ова мото, воините на Буџинкан Македонија ќе имаат можност повторно да ја стават на тест својата физичка и ментална издржливост. Како и секоја година, така и оваа повторно ќе можеме да ги испробаме нашите способности и вештини на дело:

Преживување во природа®

Два пеколни дена, далеку од цивилизација, без храна и само литар ипол вода, без дополнителна облека и
хигиенски средства. Два дена вежбање, медитација и голо преживување.

Место: С’мкнено (26 км. до најблискиот град и болница / пустински услови)

Време: 30 и 31 јули, 2011 година

Поаѓање: сабота во 07.00

Враќање: само Господ знае

Прочитај убаво!!!

Пред семинарот, секој учесник во сопствена организација треба да си направи соодветни лекарски прегледи и да добие усмена или писмена потврда од својот лекар дека е психофизички здрав и целосно подготвен за дводневен екстремен напор без храна и вода, а проследен со тежок тренинг и тричасовен сон.
Секој учесник доброволно се пријавува на семинарот и сноси сопствена одговорност за евентуалните последици настанати по неговото здравје или живот!

Настанот е отворен за сите и на него можат да учествуваат сите граѓани на Р. Македонија со наполнети 18 години.

Дозволена опрема: вреќа за спиење,
шаторско крило, 130720111248072354.jpgвојничка униформа облечена на себе (панталони и кошула),
една маица, капа, еден пар гаќи (широки), еден пар чорапи, јаже, нож
и шише од литро ипол (празно).

Важно: забрането носење храна,
вода и останати работи кои не се наведени погоре. Пред поаѓање,
ќе има задолжителна проверка. 

Најважно:
семинарот е предвиден само за цврсти момци и девојки. Условите за
тренинг ќе бидат исклучително тешки, а дисциплината ќе биде железна.
Тие кои не се чуствуваат психофизички спремни за да „влезат во пеколот“ и кои не се
подготвени да го убијат
сопственото его, ги молиме да не се пријавуваат на семинарот. Дозволена
количина на вода за пиење за двата дена:
1.5 литри. Имајте во предвид дека температурата на воздухот може да се
искачи над
45 целзиусови. Забрането седнување на задник за време на семинарот (во
текот на двата дена) и потпирање на сите четири екстремитети истовремено. Само три часа спиење, останатото време тренинг.

п.с. Забрането жалење, изговори и плачење за време на семинарот.

Сакате да дознаете дали има живот после смртта? Дојдете на преживување и ќе добиете можност да ја одгатнете големата мистерија!

Одржан семинарот Суи Рен

Posted on Categories Почетна

100720112307227676.jpgПосле две години пауза, повторно го одржавме традиционалниот семинар Суи Рен. Иако сонцето силно печеше, сепак водата во Крива Река споро се затоплуваше, од причина што ова се првите екстремно високи температури за ова лето. Коњските муви кои постојано „се гоштеваа“ со нашите тела, ниту малку не ја расипаа одличната атмосфера која што владееше за време на семинарот за обука во вода. 

Семинарот започна со предавање за Суи Рен, а потоа се започна со практични вежби. Според планот на инструкторот Довезенски, требаше да се „поминат“ вкупно 7 техники во текот на денот, а по седумчасовно „водено крштевање“, планот беше успешно исполнет.
Најголема тешкотија за почетниците претставуваше дишењето под вода со цевка (фукија), додека најинтересни им беа техниките на камуфлирање. Не беше лесно ниту вежбањето во ладната река со „ги“ (памучна облека за тренинг), особено после неколкуте часа поминати во вода.

На крајот, учениците на Буџинкан Македонија, иако помодрени од студ, успешно го завршија семинарот, а најмногу поради стекнатата дисциплина и воља што како елементи за успех шидоши Довезенски ги вгнездил во нивните срца.