Одржан семинарот „Кенџутсу под ѕвездите на Липац“

Posted on Categories Почетна

11062012033807Ken_lipac876.jpgТоплотниот бран што ја зафати нашата земја и температурите над 34 целзиусови во сенка, не ги поколеба воините на Пат кон Сонцето да дадат се од себе за време на дводневниот семинар за Оно ха Итто рју Кенџутсу (Такеда ден).

На овој семинар, што секоја година го одржуваме во чест на сенсеи Черта, учество земаа 13 членови на нашето доџо. Во текот на двата дена, се вежбаше по шест часа, а останатото време беше искористено за дружење и разговор поврзан со традиционалните боречки вештини.

Во саботата, покрај повторувањето на материјалот, повеќе време беше посветено на техниката „до учи“, додека во неделата се концентриравме на техниката 11062012033818Ken_lipac887.jpg„јокомен учи“. За саботната вечера, како и секоја година, беше подготвено гравче со суви ребра во котле, на традиционален македонски начин. Се спиеше во вреќи под ѕвездите на Липац поточно на врвот на ридот Еленац. Будењето на изгрејсонце беше неверојатно, а златната рефлексија од сонцето, на реката во долината и даваше магична привлечност.

Со одржувањето на овој семинар, инструкторот Довезенски и неговите ученици напишаа уште една страница од историјата на доџо-то.
До крајот на летото преостанува уште еден семинар во природа.

Одржан семинар во Градско

Posted on Categories Почетна

28052012025843gradsko89897.jpgШидоши хо Марјан Прошев и шидоши хо Марко Опачиќ, во неделата одржаа семинар во секцијата на Буџинкан Македонија во Градско.
Ова е последен од серијата семинари што помладите инструктори ги одржаа во оваа општина, а по повод претстојното полагање кое што ќе се одржи кон крајот на јуни.

Ова ќе биде прво полагање што ќе се одржи за секцијата во Градско, а истовремено и прво полагање кое ќе се одржи под водство на Прошев и Опачиќ. По полагањето, водачот на Буџинкан Македонија, шидоши Игор Довезенски, официјално ќе ги назначи помладите инструктори за одговорни за работата на Буџинкан Македонија – Градско (шибу доџо).

Инаку засега, шидоши хо Прошев и шидоши хо Опачиќ се задоволни од работата на оваа секција и се надеваат дека напредувањето и понатаму ќе следи, а тоа може да се постигне само со напорен и беспоштеден тренинг.

п.с. На фотографијата е еден од помладите членови на Буџинкан Македонија – Градско Шибу Доџо, кандидат за полагање за 10 кју.

Кенџутсу под ѕвездите на Липац

Posted on Categories Почетна

Школото за класични јапонски борбени вештини Пат 16052012045746Ken_Lipac9u9h.jpgкон Сонцето, освен
школите на Буџинкан, негува и други корју вештини, меѓу кои и Оно ха
Итто рју Кенџутсу (Такеда ден). Членови сме на организацијата Даито Рју Аикибудо
Даито Каи, предводена од сенсеи Антонино Черта, единствениот нејапонски
шихан за Даито рју Аикиџуџутсу. Поради тоа, во негова чест, секоја година го одржуваме традиционалниот семинар под наслов: „Кенџутсу под ѕвездите на Липац.“

Инаку, школата Оно ха Итто рју била задолжително изучувана од страна на
членовите на моќниот самурајски клан Такеда. Легендарниот воин Сокаку Такеда, познат
како последниот самурај, добил менкјо каиден (лиценца за стекнато
знаење) токму за оваа кенџутсу рју ха.

Тоа што со месеци со нетрпение го чекавме. Дводневен тренинг во природа, на врвот на легендарната планина Липац.
Во текот на денот, ќе се одржуваат по три тренинзи, а вечерта ќе биде
резервирана за дружење околу огнот, проследено со вкусно гравче и по некое
пивце.

Ден: 09/10 јуни, 2012 година (поаѓање од Скопје во 07.00)

Место: под ѕвездите на планината Липац

Опрема: шатор (кој има), вреќа за спиење, кеико ги, кјахани или високи чорапи (против крлежи) бокуто (може и резервен), храна и
вода.

За дополнителни информации јавете се на нашиот телефон.

Семинарот е отворен за сите, без разлика на стилот и
вештината.

Ако Ви е потребна опрема, слободно јавете се.

Настанот ќе се одржи без разлика на временските услови.

Одржан семинарот „Силата на Јари - предности и недостатоци“

Posted on Categories Почетна

14052012043711jari764568.jpgСеминарот посветен на вештината на борба со копје (соџутсу) покажа и докажа дека редовниот тренинг и посветеноста носат големи резултати. Евидентен беше напредокот кај членовите кои секоја година го посетуваат овој семинар, а нивната техника на ракување со копје станува се подобра.

Настанот се одржа на ридот Орљак на местото викано Слепо Коло, а на него присуствуваа неколкумина членови на Буџинкан Македонија.
Семинарот почна со повторување на основните техники на напад со јари (копје) кои најпрвин беа вежбани со замислен противник, а потоа и со партнер. Инструкторот Игор Довезенски постојано се трудеше на своите ученици да им ги објасни предностите, но и недостатоците на копјето. Се навлегуваше во ситни детаљи и во однос на техниката, но и на користењето на принципите кога станува збор за оружје со должина на копјето.

На крајот, секој од учениците имаше можност да покаже дел од наученото на дело односно преку демонстрација на техниката да ја покаже насоката во која треба понатаму да се движи, а се со цел подобро совладување на вештината.

Да споменеме и дека за време на траењето на семинарот, во текот на целиот ден, ветерот немилосрдно не шибаше, но тоа воопшто не не поколеба да го смениме мислењето дека воинот треба да биде подготвен за одбрана, без разлика на временските услови.

Силата на Јари - предности и недостатоци

Posted on Categories Почетна

Полека, но сигурно, семинарот на кој учениците на 02052012051628jari0987.jpgБуџинкан Македонија ги изучуваат тајните на борба со копје (јари), стана традиционален.

Секоја година инструкторот Игор Довезенски ја предава вештината Соџутсу (борба со копје), откривајќи нови техники, начини и стратегии при користењето на ова оружје. Така, оваа година, повеќе внимание ќе се посвети на предностите и на недостатоците на јари-то, преку вежбање на традиционалните кати.

„Школото Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу
ги користи следниве оружја: Јари (копје), Оно (воена секира), О Тсучи (голем
чекан), Тачи (меч) и Нагината. Легендата вели дека една вечер демонот (Тенгу) му
дошол на сон на основачот на вештината и го научил како да се бори со Јари.
Овие техники и ден-денес се сметат за најголема тајна на школата.„

На семинарот можат да учествуваат сите ученици на
доџо-то Буџинкан Македонија / Пат кон Сонцето.

Потребна опрема за вежбање: бокуто и
јари

Тема: Силата на Јари – предности и недостатоци

Ден: 13.05.2012 (недела)

Место: Слепо Коло

Програма:

08.00 часот – поаѓање од Скопје

09.00 часот – пристигнување

10.00 -16.00 часот –
теоретски и практичен дел

17.00 враќање назад

Одржан меѓународниот семинар со Марио Де Мол

Posted on Categories Почетна

24042012033920986rt7.jpgПет дена неверојатно дружење со Марио Де Мол. Пет дена исполнети со тренинзи, другарство и смеење. Пет дена прошетки по планини, извори, цркви, манастири и национални ресторани. Пет дена кои засекогаш ќе бидат запаметени.

На семинарот учествуваа над дваесет ученици од нашето доџо, како и претставникот на Џиненкан за Германија, Оливер Фукс. Се обработуваа неколку техники од Кенџутсу и Тантоџутсу, во кои мораме да признаеме дека навистина уживавме. Знаењето на Марио е на навистина високо ниво, а неговата вештина е неверојатна. Тој на најдобар можен начин ја оправда довербата на неговиот учител Фумио (Унсуи) Манака да го носи највисокото звање во организацијата Џиненкан.

За квалитетот на семинарот нема потреба да се зборува, бидејќи тоа може да се почуствува само со лично учество. Уште еднаш докажавме дека припадноста на различни организации воопшто не е пречка за соработка, но само доколку се вежба на правилен начин: напорно, искрено и пожртвувано.

Уште еднаш благодарност до Марио Де Мол за сето прекрасно време поминато заедно и за несебичната помош при преносот на знаењето од областа на традиционалните боречки вештини.
ОСУ!!!

Полагање во доџо-то за почетници

Posted on Categories Почетна

Во доџо-то за почетници на Буџинкан Македонија, вчера11042012051819ydagd.jpg под водство на помладите инструктори Марко Опачиќ и Марјан Прошев, се одржа полагање за ученички степени. За десети (џуккју) степен положија учениците Игор К. и Марко П.

Инаку, ова е прво полагање одржано под водство на шидоши хо Опачиќ и шидоши хо Прошев. Тие минатата година се здобија со мајсторско звање, а со тоа и можност да бидат дел од пренесувањето на традицијата на школите на Буџинкан Доџо.

Од денес, учениците кои успешно го поминаа тестот, ќе почнат со тренинзи во хомбу доџо-то на Буџинкан Македонија.
Им честитаме на сите.

Меѓународен семинар со Марио Де Мол

Posted on Categories Почетна

04122011133536flaer2.jpgНа 21/22 април, 2012 година, Буџинкан Македонија организира меѓународен семинар со Марио Де Мол од Белгија – 6 дан (највисоко звање досега во организацијата Џиненкан).

Тема на семинарот ќе биде Џинен рју Тантоџусту.

Ова е одлична можност за сите, без разлика на рангот или на стилот, да се запознаат со начинот на борба со нож развиен врз искуството на сенсеи Унсуи (Фумио) Манака во Гјокко рју и Кото рју.
Инаку, сенсеи Манака еден од најстарите ученици на соке Масааки Хатсуми и речиси 40 години учел и го надоградувал своето знаење под водство на поглаварот на Буџинкан Доџо.

Сите заинтересирани можат да добијат повеќе информации преку нашата електронска адреса, или, пак, да се јават на нашиот телефонски број.

Распоред на тренинзи за време на семинарот:

Сабота

11.00-13.00 тренинг
13.00-15.00 ручек
15.00-17.00 тренинг

Недела

11.00-13.00 тренинг
13.00-15.00 ручек
15.00-17.00 тренинг

Во понеделник бесплатен тренинг за сите учесници, на тема: Иаи но Маки.

Одржан семинарот Шинкен гата Тора но Маки

Posted on Categories Почетна

18032012192245jh.jpgДваесетмината
членови на Буџинкан Македонија кои денес учествуваа на семинарот Шинкен гата
Тора но Маки, буквално гинеа во Долња Река додека се обидуваа да „зграбат“
колку што можат повеќе знаење од овој борбен систем.

За време на осумчасовниот тренинг, шидоши Довезенски ги подучуваше учесниците
на основните техники од оваа школа, како и на 12-те кати од првото ниво
наречено шодан. За сето тоа време, учениците напорно вежбаа и без нималку
штедење пробуваа колку што можат поправилно да го повторат покажаното од страна
на инструкторот.

Семинарот започна
со кратко предавање за Тора но Маки, по што се започна со вежбање на Кихон
Гата. Откако се совладаа положбите на телото (камае), се премина на проучување
на секцијата укеми, а потоа се продолжи со секцијата кихон сувари гата.
Со првата ката од шодан нивото, веќе се знаеше дека местото предвидено за вежбање ќе се претвори во бојно поле. Таа желба и енергија се задржа речиси до
17.00 часот, кога телата и умовите на учесниците почнаа да ја откажуваат
послушноста, а пред се поради заморот предизвикан од силниот ритам на тренинг.

На крајот, да
споменеме дека денот беше прекрасен, со сино небо и силно сонце кое ја
надополнуваше загубената енергија. Сето тоа допринесе за одличната атмосфера за
време на семинарот.

Семинар за Шинкен гата Тора но Маки

Posted on Categories Почетна

27022012025035Shinken-gata-Tora-no-Maki.„Шинкен гата Тора но Маки има доста сличности со Кукишинден Рју.
Таа форма на борење била создадена во доцниот Едо период од страна на Ичијанаги Казума.

Toj бил ученик на Кано Јошихиро, кој, пак,
бил мајстор за школата Кукишин рју.

За основа на Шинкен гата Тора но Маки се земени техниките од Кукишин рју
(Дакен)Таиџутсу како и сознанијата кои Ичијанаги ги имал од Шинден Фудо рју Таиџутсу (школа која што,
исто така, ја изучувал во одреден период од животот).

Борбениот систем се состои од Кихон и пет нивоа наречени Шодан, Нидан, Сандан,
Јондан и Годан. Техниките на укеми, за разлика од другите вештини,
се состојат од начини на примање на ударот на противникот.“

На 18 март, шидоши Игор Довезенски ќе одржи семинар на тема: „Шинкен гата Тора но Маки“.

На семинарот можат да учествуваат сите ученици на
доџо-то Буџинкан Македонија / Пат кон Сонцето.

Тема: Шинкен гата Тора но Маки

Ден: 18.03.2012 (недела)

Место: Долња Река

Програма:

08.00 часот – поаѓање од Скопје

09.00 часот – пристигнување

09.00 -16.00 часот – теоретски и практичен дел

17.00 враќање назад

Поради специфичноста на семинарот, доколку временските услови се несоодветни за вежбање во природа, тогаш настанот ќе се одржи во нашето доџо.

Пријавување и информации во доџо или на и-мејл.