Преживување во природа®

Posted on Categories Почетна

13072011124751465.jpg„Само најсилните преживуваат“.
Под ова мото, воините на Буџинкан Македонија ќе имаат можност повторно да ја стават на тест својата физичка и ментална издржливост. Како и секоја година, така и оваа повторно ќе можеме да ги испробаме нашите способности и вештини на дело:

Преживување во природа®

Два пеколни дена, далеку од цивилизација, без храна и само литар ипол вода, без дополнителна облека и
хигиенски средства. Два дена вежбање, медитација и голо преживување.

Место: С’мкнено (26 км. до најблискиот град и болница / пустински услови)

Време: 30 и 31 јули, 2011 година

Поаѓање: сабота во 07.00

Враќање: само Господ знае

Прочитај убаво!!!

Пред семинарот, секој учесник во сопствена организација треба да си направи соодветни лекарски прегледи и да добие усмена или писмена потврда од својот лекар дека е психофизички здрав и целосно подготвен за дводневен екстремен напор без храна и вода, а проследен со тежок тренинг и тричасовен сон.
Секој учесник доброволно се пријавува на семинарот и сноси сопствена одговорност за евентуалните последици настанати по неговото здравје или живот!

Настанот е отворен за сите и на него можат да учествуваат сите граѓани на Р. Македонија со наполнети 18 години.

Дозволена опрема: вреќа за спиење,
шаторско крило, 130720111248072354.jpgвојничка униформа облечена на себе (панталони и кошула),
една маица, капа, еден пар гаќи (широки), еден пар чорапи, јаже, нож
и шише од литро ипол (празно).

Важно: забрането носење храна,
вода и останати работи кои не се наведени погоре. Пред поаѓање,
ќе има задолжителна проверка. 

Најважно:
семинарот е предвиден само за цврсти момци и девојки. Условите за
тренинг ќе бидат исклучително тешки, а дисциплината ќе биде железна.
Тие кои не се чуствуваат психофизички спремни за да „влезат во пеколот“ и кои не се
подготвени да го убијат
сопственото его, ги молиме да не се пријавуваат на семинарот. Дозволена
количина на вода за пиење за двата дена:
1.5 литри. Имајте во предвид дека температурата на воздухот може да се
искачи над
45 целзиусови. Забрането седнување на задник за време на семинарот (во
текот на двата дена) и потпирање на сите четири екстремитети истовремено. Само три часа спиење, останатото време тренинг.

п.с. Забрането жалење, изговори и плачење за време на семинарот.

Сакате да дознаете дали има живот после смртта? Дојдете на преживување и ќе добиете можност да ја одгатнете големата мистерија!

Одржан семинарот Суи Рен

Posted on Categories Почетна

100720112307227676.jpgПосле две години пауза, повторно го одржавме традиционалниот семинар Суи Рен. Иако сонцето силно печеше, сепак водата во Крива Река споро се затоплуваше, од причина што ова се првите екстремно високи температури за ова лето. Коњските муви кои постојано „се гоштеваа“ со нашите тела, ниту малку не ја расипаа одличната атмосфера која што владееше за време на семинарот за обука во вода. 

Семинарот започна со предавање за Суи Рен, а потоа се започна со практични вежби. Според планот на инструкторот Довезенски, требаше да се „поминат“ вкупно 7 техники во текот на денот, а по седумчасовно „водено крштевање“, планот беше успешно исполнет.
Најголема тешкотија за почетниците претставуваше дишењето под вода со цевка (фукија), додека најинтересни им беа техниките на камуфлирање. Не беше лесно ниту вежбањето во ладната река со „ги“ (памучна облека за тренинг), особено после неколкуте часа поминати во вода.

На крајот, учениците на Буџинкан Македонија, иако помодрени од студ, успешно го завршија семинарот, а најмногу поради стекнатата дисциплина и воља што како елементи за успех шидоши Довезенски ги вгнездил во нивните срца.

Полагање за ученички степени

Posted on Categories Почетна

04072011074909574.jpgВо доџо-то на Буџинкан Македонија, минатата недела се одржа полагање за ученички степени.
За 9 кју положија учениците: Панче К., Иван М., Кирил М., Стефани Г., Моника Ш. и Ѓоко Н.

Со 7 кју се здобија: Дамјан С., Стефан Р., Горан Б., Горан М., Драган Н., Тодор А. и Владимир А.

За 5 кју успешно положија: Филип А. и Косара. П.

Им честитаме на сите за успешниот напредок.
Гамбате!

Суи Рен - семинар во природа

Posted on Categories Почетна

28062011182111246813_167344319995026_100На 10 јули, инструкторот на Буџинкан Македонија, шидоши Игор Довезенски, ќе го одржи седмиот по ред семинар во природа за 2011 година.

Тема на семинарот ќе биде Суи Рен односно борбената обука во вода која што била задолжителна за сите шиноби воини. Настанот ќе се одржи на реката што тече низ подножјето на планината Липац. Право на учество имаат сите напредни ученици на организацијата Пат кон Сонцето односно доџо-то Буџинкан Македонија.

Ден: 10.07.2011 (недела)

Место: Долно Проодиште

Програма:
09.00 часот – поаѓање од Скопје
10.00 часот – пристигнување
10.30 -17.30 часот – теоретски и практичен дел
18.30 враќање назад

Доколку временските прилики бидат исклучително лоши за повеќечасовен тренинг во вода, тогаш темата на семинарот ќе биде променета во: Исхрана во природа (Храната е насекаде околу нас).

Македонија го доби првиот шидоши!

Posted on Categories Почетна

21062011211600buyukai3.jpgВо периодот од 12
до 21 јуни, инструкторот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, беше во
работна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествуваше на
најголемиот семинар во таа земја, наречен Бују Каи. За време на
настанот, тој го положи тестот за годан (5 дан), познат под името сакки
(убиствена намера). Со тоа, Игор Довезенски стана првиот Македонец што го
положил овој тест и што се здобил со титулата шидоши (едно од најголемите звања
во Буџинкан).

За тие што не знаат, тестот сакки се полага така што 21062011211536buyukai2.jpgкандидатот седнува во
сеиза (седечка положба), додека некој од главните инструктори (кој треба да има специјална дозвола од поглаварот Масааки Хатсуми) го напаѓа со дрвен меч во
глава од задгрб. Доколку кандидатот го почуствува нападот на време и се истркала
нанапред, а со тоа и го избегне ударот, тогаш тој станува шидоши. За да се
дојде до тоа, потребни се години и години напорен тренинг.

21062011211519buyukai1.jpgЗа да биде тежината уште поголема, Довезенски го положи тестот пред 20 шихани
од целиот свет, кои беа сведоци на настанот. Тоа го направи по барање на
мајсторот Штефен Фролих, еден од првите германски нинџутсу мајстори, кој и ја
доби специјалната дозвола од соке Хатсуми, да го изведе тестот над Довезенски.

Пред самиот семинар, кој траеше четири дена (16-19 јуни), водачот на Буџинкан
Македонија одржа десетина тренинзи за својот пријател Иван Иванов, негов
поранешен, а сегашен ученик на шиханот Фролих. Истовремено, тој одржа и тренинг
во доџо-то на шиханот Фролих со својот стар пријател Штефен Шулц, за кој
слободно можеме да речеме дека е еден од најдобрите нинџутсу практичари во цела
Германија.

За време на десетдневниот престој во земјата, 21062011211617buyukai4.jpgДовезенски имаше можност да учи и
вежба и со многу други шихани, меѓи кои: Холгер Кунцман, Шеила Хадад, Џусепе
Коста, Андре Фрост и др.
Интересен беше и тренингот со Тјон Кит Сиен, мајстор за Вуданг Кунг фу (Ву Шу),
кој несебично пренесе дел од своето знање.

Посебно беше емотивна средбата меѓу инструкторот Довезенски и шиханот Ед Мартин
(Папа сан) за време на еден од тренинзите во доџо-то на шиханот Фролих, а дружењето
меѓу нив продолжи и во следните неколку дена на семинарот во Катлинбург.

Има уште многу да
се пишува и раскажува за овој одличен настан, но место проширен текст, на
крајот сакаме да упатиме голема благодарност до организаторот на Бују Каи 2011, Штефен Фролих, за одличната организација како и за целата помош укажана
за Буџинкан Македонија.  

Одржан семинарот „Кенџутсу под ѕвездите на Липац“

Posted on Categories Почетна

06062011095735onoha1.jpgЗа некои доџо-а, 23-ца учесници на меѓународен семинар значи голем успех, но за Школото за борбени вештини Пат кон Сонцето, тоа е нормална бројка на еден редовен локален семинар во природа.
Редовен и локален-да, но никако и обичен. Всушност, на сите наши семинари може да се види вољата и желбата на нашите луѓе за постојано напредување и подлабоко навлегување во светот на класичните јапонски борбени вештини.

Дводневниот семинар, насловен како „Кенџутсу под ѕвездите на Липац“, уште еднаш ја покажа и докажа нашата голема посветеност.

Во саботата, со огромни ранци на грбот, најпрвин се 06062011095812onoha2.jpgискачивме на врвот на планината Липац, каде што го направивме првиот тренинг.
Потоа, се спуштивме малку подолу во манастирот Свети Ѓорѓи, каде што продолживме со тренинзите.
На крајот од тренингот, инструкторот Игор Довезенски одговараше на многубројните прашања поставени од учениците, а во врска со школата Оно ха Итто рју.

Ноќта ја „зачинивме“ со убаво гравче, сите собрани околу големата трпеза, а спиењето под ѕвездите на Липац не потсети колку многу работи пропуштаме живеејќи во градовите и одалечувајќи се од природата.

Неделата ја започнавме со утрински тренинг во 06.00 часот, а потоа ја продолживме со средување на околината на манастирот и чистење на неговите конаци.
Следуваше доручек, за веднаш да се продолжи со вториот тренинг. За тоа време, во две стари котлиња, се вареше свежо набран чај од мајчина душичка и камилица, што ни овозможи брзо освежување и закрепнување за време на кратката пауза.

06062011100529onoha3.jpgОткако се заврши со вториот тренинг, учесниците на семинарот се одморија на чардакот од манастирските конаци и тоа всушност беше единствениот поголем одмор за време на семинарот.
Потоа следеше последниот тренинг, кој всушност ја покажа борбената подготвеност на нашите ученици.
Имено, последната вежба подразбираше одбрана од постојани напади со меч кои доаѓаа ненадејно и брзо од страна на неколку противници, со што, ученикот кој требаше да се брани беше ставен под голем притисок и стрес.

На крајот, откако повторно го подсредивме дворот на преубавиот манастир, се упативме кон местото предвидено за враќање кон Скопје. Во градот пристигнавме во околу 22.00 часот, преморени, но пресреќни поради одличиот семинар во текот на викендот.

Кенџутсу под ѕвездите на Липац

Posted on Categories Почетна

17052011081030lipac.jpgМинатата година се договоривме овој семинар да прерасне во традиционален и еве – исполнуваме.
Тоа што толку време сите го чекавте. Дводневен тренинг во природа, на врвот на легендарната планина Липац.

По одличното минатогодишно искуство, одлучивме секоја година, во јуни, да го одржуваме семинарот на кој ќе ја изучуваме јапонската класична школа за мечување: Оно ха Итто рју (Такеда ден).

Во текот на денот, ќе се одржуваат по три тренинзи, а вечерта ќе биде резервирана за дружење околу огнот, проследено со скаричка и по некое пивце.

Како што веќе знаете, Школото за класични јапонски борбени вештини Пат кон Сонцето, освен школите на Буџинкан, негува и други корју вештини, меѓу кои и Оно ха Итто рју Кенџутсу. Членови сме на организацијата Даито Рју Аикибудо Даито Каи, предводена од сенсеи Антонино Черта, единствениот нејапонски шихан за Даито рју Аикиџуџутсу.
Инаку, оваа школа за мечување, била задолжително изучувана од страна на моќниот самурајски клан Такеда. Легендарниот воин Сокаку Такеда, познат како последниот самурај, добил менкјо каиден (лиценца за стекнато знаење) токму за оваа кенџутсу рју ха.

Ден: 04/05 јуни, 2011 година (поаѓање од Скопје во 07.00)

Место: под ѕвездите на планината Липац

Опрема: шатор, вреќа за спиење, кеико ги, бокуто, храна и
вода.

За дополнителни информации јавете се на нашиот телефон.

Семинарот е отворен за сите, без разлика на стилот и
вештината.

Ако Ви е потребна опрема, слободно јавете се.

Настанот ќе се одржи без разлика на временските услови.

Одржан семинарот за Лак и Стрела

Posted on Categories Почетна

15052011204242Yumi_Ya_88.jpgВо месноста Орлова Чука, на еден од пониските ридови на Липац, денес се одржа семинарот за Јуми и Ја односно ракување со нинџа лак и стрела.
На настанот учество земаа десетина ученици на Буџинкан Македонија, кои под жешкото сонце во текот на целиот ден ја совладуваа оваа вештина.

Како и секогаш, на почетокот на семинарот, инструкторот Игор Довезенски одржа предавање за историскиот развој на лакот и стрелата, а потоа преку практични примери им објасни на учесниците како за најкраток рок да го изработат оружјето.

Потоа, започна тренингот на гаѓање преку употреба на различни положби на телото, по што следеа разни вежби за усовршување на ракувањето со оружјето.

На крајот, се вежбаа техники на гаѓање во далечина, при што учениците имаа можност да се уверат како со едноставна изработка на лак и стрела (направени за само 15 минути), можат да се совладаат растојанија од над 100 метри.

Јуми Ја Џутсу (лак и стрела) семинар во природа

Posted on Categories Почетна

27042011113413za_yumi_ya_2011.jpgВештината на ракување со лак и стрела била
задолжителна за изучување од страна на јапонските буши (воини) и била
една од најважните се до појавата на огненото оружје (Тетупо).
Употребата на лакот и стрелата останала популарна и по 17 век, но сега
повеќе за духовно надградување на самураите. Од друга страна, кај шиноби
воините, ова оружје и понатаму ја задржало практичната примена поради
едноставната изработка и тишината при неговото користење. 

На 15.05.2011 година (недела), Школото за класични борбени вештини Буџинкан Македонија, организира семинар во природа на тема Јуми Ја Џутсу
(вештина на гаѓање со лак и стрела).

На
семинарот
ќе се научат начините на изработка на лак и стрела, како и положбите на
телото при гаѓање. Освен тоа, учениците ќе имаат можност да научат каква
стратегијата треба да се употреби во различни ситуации.

Семинарот е отворен за сите членови на Буџинкан Македонија.

Ден: 15.05.2011 (недела)

Место: Орлова Чука

Програма:
08.00 часот – поаѓање од Скопје
09.00 часот – пристигнување
10.00 -17.30 часот – теоретски и практичен дел
18.30 враќање назад

Семинарот ќе се одржи без разлика на временските услови.

Одржан семинарот Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу

Posted on Categories Почетна

10042011215910sfrd1.jpgОва беше еден од
оние семинари кои никогаш нема да се заборават. Одличен тренинг, прекрасно сино
небо, жолто сонце и дисциплина каква што доликува на едно традиционално доџо.

Семинарот се
одржа во месноста Корнишор, на источните падини на планината Липац. Дотаму
стигнавме движејќи се со рамномерен, но стабилен ритам. По краткото запознавање
со темата и планот за работа, инструкторот Игор Довезенски започна со
подучувањето.

Во текот на
целиот ден се проучуваа и вежбаа вкупно 10042011215928sfrd2.jpg21 ката. За почеток се обработија три
кати од првото ниво, познато како Тен но Ката, и тоа: Геккан, Сетсујаку и Мусан.
Потоа за секоја ката инструкторот Довезенски покажа по две хенки (варијанти). Од
второто ниво односно Чи но Ката, беа вежбани: Рикен, Шинкен и Раикен, кои подоцна
исто така беа проучувани и преку неколкуте варијанти. Третото ниво, Шизен
Шигоку но Ката, беше изучувано преку катите: Таи Нагаши, Кобуши Нагаши и
Фубатсу.

За време на кратките паузи, учениците имаа можност да научат нешто повеќе и за начините
на исхрана во природа, за зен медитацијата како и за разликите и сличностите меѓу
обичаите и обредите во македонската и јапонската култура. Не изостанаа ниту предавањата
поврзани со култните места кои на планината Липац ги има речиси на секој чекор,
а со оглед на тоа дека инструкторот Довезенски е етнолог по професија,
учесниците на семинарот уживаа слушајќи го.

10042011215945SFRD3.jpgИако беше предвидено семинарот да заврши околу 17.00, тој беше продолжен
за речиси три часа, така што во Скопје пристигнавме во 21.00 часот. Тоа се должеше поради посетата на преубавиот Бељаковски Манастир на крајот од настанот. Симнувајќи се од планината, учесниците на семинарот изразија жалење поради тоа што треба да се вратат во Скопје и безволно се симнуваа надолу.
Нивната единствена оценка беше дека нема подобар тренинг од оној во природа особено кога станува збор за семинар на планината со мистична убавина-Липац.