Буџинкан час за првачињата во ОУ „Љубен Лапе“

Posted on Categories Почетна

Шидоши хо Марјан Прошев со асистенција на кохаи 24022012095923kose8765.jpgМаја
Илиевска, денес во основното училиште Љубен Лапе во Скопје, одржаа предавање на
првачињата на тема: „Класичните јапонски школи во Буџинкан и нивната поврзаност
со легендарните нинџи и самураи“. Се разбира, целото предавање беше прилагодено
на нивната возраст, а за да биде позабавно, членовите на Буџинкан Македонија
презентираа и дел од арсеналот кој се користи при тренингот во доџо.

Откако учениците беа запознаени со историјатот на
класичните боречки вештини и причините за појавувањето на самураите и нинџите, Прошев
и Илиевска одржаа тренинг за најмладите во спортската сала на училиштето, при
што на дечињата им беа покажани основните вежби од џунан таисо кои се потребни
за нивниот правилен телесен развој. Потоа, се одржа и краток час по таиџутсу и
кенџутсу, по што инструкторот Прошев им укажа на првачињата дека никогаш не
смеат да станат силеџии и дека треба 24022012095941kose9656.jpgсекогаш да се спротиставуваат на
силеџиството како и да помагаат на сите кои се послаби од нив и се чуствуваат
загрозени од посилните.

Децата, видно среќни, посакаа членовите на Буџинкан
Македонија повторно да ги посетат и да им одржат уште едно предавање. Неможејќи
да ја сокријат возбудата, дечињата постојано ги прегрнуваа инструкторите и им
пееа песнички.

Ние, како претставници на Буџинкан, остануваме отворени
за соработка со сите институции кои се грижат за здравјето и воспитувањето на
најмладите бидејќи сметаме дека токму децата се иднината и силата на нашата
земја.     

Одржан семинарот Гјокко рју Кјушо

Posted on Categories Почетна

Над 20 учесници
од Школото за борбени вештини  Пат 190220121347476587.jpgкон
Сонцето, денес ги проучуваа виталните точки на школата Гјокко рју Кошиџутсу.

Иако првично, настанот
требаше да се одржи во природа, во последен момент се одлучи дека поради
специфичноста на темата подобро е семинарот да се одржи во доџо, поради
топењето на снегот на предвидената локација и големите калишта натрупани од
надојдената река.

На почетокот на
семинарот, инструкторот Игор Довезенски ги запозна учениците со начините на
напад на виталните точки во Гјокко рју, како и со принципите кои треба да се
почитуваат при тоа. Потоа, сите учесници беа запознаени со последиците при
примената на ваквиот напад.

Шидоши Довезенски
во текот на целиот семинар несебично го споделуваше своето знаење на оваа
традиционална школа преку катите на Коши Санпо / Мото Гата. По извежбувањето на
основната ката, се вежбаа неколку варијанти, при што инструкторот во најситни
детаљи ги објаснуваше аглите и начините на нападот, како и ефектите што истиот
може да ги предизвика врз различните делови на телото на противникот.

На крајот, сите
ученици добија на подарок шематски прикази на кјушо, а нивното задоволство беше
изразено преку молба за што поскоро одржување на уште еден семинар на оваа
тема.

Семинар: Гјокко рју Кјушо

Posted on Categories Почетна

26012012072054kyusho.jpgКјушо 急所 се витални точки распоредени по човечкото тело кои доколку се нападнат предизвикуваат голема болка.

Во Гјокко рју Кошиџутсу, за напад на овие точки се користат врвовите на прстите односно палците со брз и отсечен удар или притисок.

На 19 февруари, шидоши Игор Довезенски ќе одржи семинар на тема: „Гјокко рју Кјушо“.

На семинарот можат да учествуваат сите ученици на
доџо-то Буџинкан Македонија / Пат кон Сонцето.

Тема: Гјокко рју Кјушо

Ден: 19.02.2012 (недела)

Место: Доџо-то на Буџинкан Македонија

Време: 11.00 до 15.00 часот

Сите учесници на настанот ќе добијат цртеж со шематски приказ на виталните точки од оваа традиционална јапонска боречка школа (рју ха).
Пријавување и информации во доџо или на и-мејл.

Одржан зимскиот семинар „Начини на преживување во природа II“

Posted on Categories Почетна

22012012143724prezivuvanje6879.jpgСовладувањето на начините за зимско преживување се многу полесни кога по
вторпат ќе учествувате на семинар на истата тема. Во ова се уверија учениците
кои и минатата година беа дел од истоимениот настан.

Овој пат, учество на семинарот земаа тринаесет души кои поделени во неколку
групи ги совладуваа вештините за зимско преживување односно во изградбата на
засолниште со користење на природни материјали од опкружувањето и без користење
на алатки или орудие (само со голи раце). Имено, секоја група се состоеше од
еден ветеран и еден почетник, а нивната задача беше да покажат колку од
наученото од минатата, ќе можат да го искористат оваа година.

Откако учениците ја завршија задачата, инструкторот Игор Довезенски изврши
проверка на секое засолниште и ги предочи сите недостатоците на кои во
иднина ќе треба повеќе да се внимава.

22012012143704prezivuvanje6876.jpgПокрај тоа, учесниците имаа и неколку практични предавања за полесно
ориентирање во природа, палење на оган со помош на кремен, како и за менталната
подготовка при ситуација на преживување во зима.

На крајот на семинарот, се одржа тренинг на тема: борба со нож. Шидоши
Довезенски во оваа прилика подучуваше нови и напредни техники на таканареченото
„флуидно борење“ , што учениците го прифатија со посебно внимание.

Инаку, за време на семинарот минималните температури се движеа од -4, а
максималните се искачија на +3 целзиусови.

Начини на преживување во природа II

Posted on Categories Почетна

09012012081859Zimski2.jpgПо одржувањето на првиот семинар во доџо (Шиноби Таисо) и одличниот прием на истиот, Буџинкан Македонија го организира и првиот од семинарите во природа. Како и минатогодишниот јануарски, така и овој го има истиот наслов: Начини на преживување во природа.

Разликата е во тоа што сега ќе биде тестирана способноста на учениците самите да изградат засолниште односно да покажат дека ги совладале сите предизвици на ладната македонска зима.

Потоа, ќе се одржи и тренинг на тема: борба со нож.

Сите учесници освен опремата за во природа, треба да понесат и дрвен нож за тренинг, а доколку немат слободно нека се обратат за помош.

Предупредување:
температурите најверојатно ќе бидат во минус. Теренот е отворен и
ветровит. Присуство на диви животни во овој период од годината е
нормална појава. Најмалку седум часа без престан ќе се вежба на
екстремно ладно време.

Ден: 22.01.2012 (недела)

Место: Млака

Програма:

08.00 часот – поаѓање од Скопје

09.00 часот – пристигнување

09.00 -16.00 часот – теоретски и практичен дел

17.00 враќање назад

Пријавување во доџо или на Форум.

Семинар за Шиноби Таисо®

Posted on Categories Почетна

03012012094023tiso.jpgПо одличниот прием на
системот Шиноби Таисо, развиен од страна на шидоши Игор Довезенски, а со
цел кондиционирање на телото на учениците, на 08.01.2012 година ќе се
одржи семинар каде што учесниците ќе имаат можност да ги научат вежбите за
ослободување на болките во долниот дел од грбот.

Семинарот ќе се одржи во
доџо-то на Буџинкан Македонија, со почеток во 11.30, а ќе трае до 13.30 часот.
Учесниците треба да бидат облечени во комотна облека, а по желба можат да си
понесат пенкало и тетратка за да си запишуваат забелешки.

За повеќе информации, слободно јавете се на нашиот телефон или пишете во електронското сандаче.

Што е Шиноби Таисо? ——-> тука

Македонија доби нови Буџинкан мајстори

Posted on Categories Почетна

30122011183615plaganje87586.jpgВчера, во доџо-то на Буџинкан Македонија се одржа полагање за
ученички и за мајсторски
степени.

За 9 кју положија Кристијан Б., Борјана М., Методија Л., Дарко Г., Кристијан С. и
Михаил Д., додека со 7 кју се закитија Ана Марија Б., Татјана О., Стефани Г.
и Моника Ш. 

За 5 кју положи Тодор А., додека за 3 кју учениците Антон П. и Мирон Ц.

Заслужено, за 1 кју положи Зоран Т.

Македонија доби двајца нови Буџинкан мајстори. Марјан Прошев и Марко Опачиќ
успешно го положија тестот за прв дан (шодан), па така тие ја имаат честа да
бидат вторите Македонци што добиле мајсторски звања од Хомбу доџо-то во
Јапонија. До ова звање дојдоа после пет години вежбање во нашето доџо, без
притоа да испуштат повеќе од десет тренинзи (за целиот тој период). Имаат
учествувано речиси на сите меѓународни семинари, како и на сите семинари
организирани во природа од страна на Буџинкан Македонија.

На новите шидоши хо (помлади
инструктори) им честитаме од се срце и им посакуваме уште поголеми успеси во
иднина.

За својот труд, упорност, верност, редовност и љубов 30122011183600plaganje898.jpgкон
вештината и школото, пофалници добија учениците Марјан П., Антон П. и Филип А.
Сите тие имаат по само еден пропуштен тренинг во 2011-та.

Оваа година, како и минатата, благодарница за подршка при
развојот на Буџинкан во Македонија доби Александар В.

п.с. (сите имиња се напишани скратено поради почитување
на приватноста на нашите членови)

Тема за 2012

Posted on Categories Почетна

Според насоките на соке Масааки Хатсуми, тема за 2012-та година ќе
биде
вештината на мечување (катана). Среќни сме што организацијата Буџинкан ќе почне да посветува повеќе внимание на
вежбањето со меч.
Како и секоја година, Буџинкан Македонија има и своја интерна тема, која што се
разработува во текот на дванаесетте месеци. Во 201
2-та одлучивме да се
концентрираме на школото
Шинден
Фудо рју Таиџутсу (Школото на неподвижните божествени учења).

Програмата за 2012-та на Буџинкан Македонија веќе е поставена на нашата
веб-страница.

*************************************

Ве известуваме дека во текот на претстојните празници, Школото за
борбени вештини Пат кон Сонцето
, заедно со двете доџо-а Буџинкан Македонија и
Даито рју Македонија нема да работат во деновите:

-Буџинкан Македонија 06 јануари (Бадник) / прв тренинг на 2 јануари (2012)
-Даито рју Македонија
06 јануари (Бадник) / прв тренинг на 13 јануари (2012)

На сите наши членови и пријатели им посакуваме се најубаво
во новата 201
2 година. Нека ни е честит Божиќ !

Akemashite Omedeto Gozaimasu!

Извештај за 2011 година

Posted on Categories Почетна

Минатогодишниот извештај го завршивме со ветување дека во 2011 година ќе
постигнеме уште подобри резултати. Денес, со големо задоволство можеме да кажеме
дека – остваривме.

Според насоките на соке Масааки Хатсуми, 2011 беше посветена на основите на
Будо-то, преку принципите на Кихон Хаппо. Бидејќи основите се нешто што во
нашето доџо постојано се вежбаат, ние си зададовме дополнителна интерна тема:
Такаги Јошин рју Џутаиџутсу.
Навистина уживавме проучувајќи ги и вежбајќи ги сите кати на оваа самурајска
школа во текот на целата година.

27122011045751izvestaj1.jpgШто се однесува до организирањето на меѓународни семинари, оваа година
поканивме само еден мајстор да подучува во нашето доџо. Бевме навистина
пресреќни што го имавме сенсеи Антонино Черта, единствениот нејапонски шихан за
Даито рју Аикиџуџутсу и Оно ха Итто рју Кенџутсу (Такеда ден).

Сенсеи Черта е учител на инструкторот Игор Довезенски, за двете класични
јапонски боречки школи, а нивниот однос е навистина посебен. Во текот на
петдневната посета на овој голем мајстор, се одржа дводневен семинар, додека
останатото време инструкторот Довезенски го искористи за приватни часови со
учителот.

Во изминативе години секогаш организиравме по најмалку два меѓународни
семинари, но оваа година учениците на Буџинкан Македонија одлучија да направиме
пауза, со цел повеќе да се посветиме на нашите активности кои навистина ги има
многу.

Од друга страна, шидоши Игор Довезенски учествуваше на неколку меѓународни
семинари организирани од страна на нашите пријатели.
Годинава започна со посета на семинарот со шиханот Педро Флеитас во Србија,
каде што учество зема и семпаи Марјан Прошев.
Во април, Довезенски учествуваше на семинарот во Белгија одржан под водство на
еден од првите шихани на соке Масааки Хатсуми, канчо Унсуи Манака, а истовремено
уживаше и во тренинзите одржани од страна на останатите инструктори на
организацијата Џиненкан. Шидоши Довезенски беше единствениот претставник на Буџинкан доџо кој зема учество на последниот семинар на Манака сенсеи надвор од Јапонија.
Во јуни, шидоши Довезенски учествуваше на семинарот БуЈу Каи во Германија,
каде што пред 20 шихани на Буџинкан Доџо го положи тестот за годан (5 дан).
Десетдневниот престој беше искористен за многу тренинзи, а посебно во сеќавање
се оние кои беа одржани во доџо-то на нашиот голем пријател, шиханот Штефен
Фролих.
Покрај сите овие, учествувавме и на неколку семинари 27122011045803izvestaj2.jpgод други боречки вештини,
се со цел подобро да ги разбереме класичните јапонски школи (рју ха) што ги
изучуваме во нашето доџо.
На сите нив беше прекрасно да се видат старите, но и да се запознат нови
пријатели.

Годинава што измина, ќе ја паметиме по рекордот на одржани семинари во
природа. Како што веќе знаете, тие се заштитен знак на нашето доџо и ние строго
веруваме дека единствениот начин да се вежба нинџутсу е да се „загази“ длабоко
во природата и да се биде во хармонија со неа.

Така, организиравме 12 семинари во природа, а посебно ќе ги истакнеме
традиционалните „Патот на Шугенџа“ и „Преживување“ кои претставуваат заштитен
знак на нашето доџо.

Во текот на месецот август, се одржа надалеку познатиот Летен Нинџа Камп, на
кого учествуваа 20 ученици од нашето доџо. Како и секогаш, спомените и лекциите
научени за време на кампот остануваат засекогаш врежани во срцето.

Покрај другите активности, би ги споменале уште и одржувањето на
традиционалната „Работилница за самоодбрана за жени“, каде што нашите куноичи
покажаа одличен напредок. Нивната техника толку многу напредува, што во иднина
можеби настанот ќе го прекрстиме во „Работилница за самоодбрана од жени“ 🙂

Семпаи Марко Опачиќ и семпаи Марјан Прошев одржаа семинар во Градско, а
истовремено успешно ја преземаа работата во нашето второ доџо во Скопје кое се
пренамени во место за вежбање на новозапишаните членови (почетници).

Оваа година воведовме и систем наречен Шиноби Таисо кој има за цел да ја подобри кондицијата потребна за секојдневните тренинзи на класичните јапонски боречки вештини. Инструкторот Довезенски
одржа предавање на таа тема, кое предизвика огромен интерес. Се надеваме дека
во годините што следат, системот ќе ги покаже резултатите на дело.

Што се однесува до јавниот интерес за нашата работа, ние и понатаму ги одбиваме повеќето покани за гостување во медиумите. За нас најважно е традиционалните боречки вештини да останат за малку одбраните луѓе кои треба самите да не пронајдат. Така, оваа година
прифативме само една покана од „Лајф Магазин“ каде што двајца членови од
нивната редакција направија репортажа за нашиот зимски семинар.

27122011045812Izvestaj3.jpgЗа наше најголемо достигнување во 2011, слободно можеме да го прогласиме
почетокот на изградбата на нашето хомбу доџо. Го градиме на наша земја, по наш
вкус. Се состои од 100 м2 површина за вежбање, и 100 м2 простор за престој на
нашите ученици. Според плановите, доџо-то ќе биде целосно завршено до јули,
2012 година.

Во нашата организација Пат кон Сонцето, покрај доџо-то Буџинкан Македонија,
успешно работи и доџо-то за Даито рју Аикиџуџутсу и Оно ха Итто рју Кенџутсу
(Такеда ден). Остануваме целосно посветени на вежбањето и на овие две корју
школи, а како нивни преставници, во следниот период очекуваме зголемување на
активностите поврзани со нив.

Во моментов, доџо-то на Буџинкан Македонија брои околу 40 редовни, додека
во секцијата за почетници вежбаат 12 ученици. Во секцијата во Градско редовно
тренираат околу десетина ученици. Сите тие имаат цел да се самоусовршат на
секое поле од животот.

На крајот, неколку статистички податоци за нашата веб-страница. Од
1 јануари 2011, па заклучно со денес, нашата веб-страница ја посетиле над 20.000 души, од вкупно 84 држави,
а оваа година најредовните посетители се од САД, Србија, Словенија, Германија, Италија и Хрватска (подредени според бројот на посети, не сметајќи ја Македонија од каде што секогаш имаме најмногу „удари“).

Извештајот го завршуваме со единствената лоша работа што ни се случи, а тоа
е тешката повреда на шидоши Игор Довезенски при падот од седумметарска карпа.
Имено, до несреќата дојде за време на слободното качување на Еленачки Карпи. Иако
докторите дават лоши прогнози за развојот на повредата во иднина и му забранија
секаква физичка активност, Игор Довезенски останува доследен на својата љубов (корју
буџутсу) и не пропушта ниту еден ден без тренинг.

Предавање и вовед во: Шиноби Таисо®

Posted on Categories Почетна

10122011152117taiso766.jpgНа 17 декември (2011), со почеток во 17.30 часот, шидоши Игор Довезенски ќе го одржи првото предавање, а воедно и вовед во системот „Шиноби Таисо“.

Што е Шиноби Таисо?

Шиноби е назив за високо обучена личност во времето на феудална Јапонија која што била специзализирана за разни неконвенционални начини на војување.
Таисо е генерички назив за кондиционирање на телото составен од зборовите: Таи (тело) и Со (зацврстување).
Под кондиционирање на телото се подразбира: зголемување на здравствената и работната способност, зголемување на телесната
извежбаност и издржливост за поднесување на извесни напори.

Шиноби Таисо е систем создаден од водачот на Буџинкан Македонија, Игор Довезенски, со цел да ја подобри сопствената кондиција потребна за секојдневните тренинзи за класичните јапонски боречки вештини. Системот се состои од разни вежби за растегнување, како и вежби за зајакнување и зголемување на мускулната издржливост.  

Самиот систем претставува збир на традиционални начини на тренинг за растегнување и зајакнување на телото користени во класичните боречки школи. Во различни рју-ха, начините се познати под имињата: Џунан Таисо, Џунан Ундо, Рју Таи Ундо, Ки Ундо и Аики Таисо.
Искуството на Довезенски собрано за време на 23-годишниот тренинг на корју буџутсу, заедно со истражувањето на најновите научни сознанија од полето на кондицискиот тренинг, како и изучувањето на човечката анатомија и биомеханиката (наука што ги проучува механичките појави и процеси во живите организми), допринесе за создавање на Шиноби Таисо®.

Која беше потребата за создавање на системот?

За време на долгогодишното водење на доџо-то, инструкторот Довезенски забележал дека некои вежби за загревање на телото воопшто не одговарат и не допринесуваат за зголемување на кондицијата кај одреден тип на вежбачи. За таа цел, тој почнува да истражува и да соработува со лица кое се занимаваат со слична проблематика, почнувајќи од кондициони тренери, па се до физиотерапевти. Така, тој ја увидува потребата дека секоја градба на телото е уникатна и дека има потреба од различен пристап при кондиционирањето.

Првобитно развиен за себе и за своите ученици, Игор Довезенски се одлучи овој систем да го понуди на сите кои се заинтересирани да ја зголемат својата физичка кондиција.

Темата на предавањето во сабота ќе биде: Болките во долниот дел на ’рбетот и вежби за нивно отстранување.