Шикен во Буџинкан Македонија

Posted on Categories Почетна

Во преубава празнична и семејна атмосфера, во петокот во скопското Доџо на Буџинкан Македонија се одржа декемвриското полагање (Шикен) за повисоки звања.

Сите кандидати кои беа тестирани, покажаа одлично познавање и солидна техника кои беа резултат на редовниот и посветен тренинг во последните шест месеци.

Од почетничката група со која раководи шидоши хо Марко Марчедониан Опачиќ, за 10 Кју положија: Никица Китановски, Јована Сисиркоска и Александра Ефтимова, додека со 9 Кју и портокалов појас се стекнаа: Ана Божиновска, Ана Томев, Ева Марковска, Софија Марковска и Леона Деспотовска.

Со звање Кохаи се стекна Петар Довезенски кој успешно положи за 7 Кју, додека името на Марко Петрушевски ќе се најде на Нафуда Каке (Таблата на честа) во Хомбу Доџото. Имено, тој положи за 5 Кју и со тоа се стекна со честа неговото име да се најде меѓу имињата на претходните генерации кои вежбале Нинџутсу во Буџинкан Македонија.
За најдобар вежбач за 2023 година беше прогласена Ана Божиновска, која доби Пофалница од страна на водачот на Буџинкан Македонија – Игор Довезенски.

По полагањето, во самото Доџо се одржа пригодна прослава (БоненКаи) со која се означи крајот на уште една успешна година.

Декемвриско тестирање (Шикен) во групата Нинџа Клинци

Posted on Categories Почетна

Во четвртокот се одржа полагањето за повисоки звања за најмалите воинчиња на Буџинкан Македонија. Нивната посветеност, како и психофизичкиот напредок, беа наградени со дипломи кои ќе останат да сведочат за почетоците на усовршувањето во јапонската легендарна вештина – Нинџутсу.

Им честитаме на нашите дечиња за новите степени и им посакуваме во новата година уште подобри резултати и секако многу здравје и успеси на сите животни полиња.

Новогодишна прослава за Нинџа Клинци

Posted on Categories Почетна

На 27 декември, 2о23 година, нашите најмлади членови од групата „Нинџа Клинци“ беа посетени од страна на јапонскиот Нинџа Дедо Мраз.

Тоа се случи на последниот детски тренинг, а како награда за посветеноста на дечињата кон нинџутсу вештината, си добија симпатични подароци и одлична програма која ќе ја паметат низ годините на растење и созревање.

Детски Нинџа Самит V

Posted on Categories Почетна

Декемврискиот Детски Нинџа Самит повторно ги собра на едно место најмалите членови на Буџинкан Македонија.

Петтото издание беше посветено на техники за детска самоодбрана, како и на Таихенџутсу односно „вештина на промени на телото“ која овозможува на најмладите да се стекнат со поголема флексибилност, агилност, брзина и кординација.

Следниот Детски Нинџа Самит ќе се одржи во јануари, 2о24 година.

Гјокко рју Кошиџутсу семинар

Posted on Categories Почетна

Семинар посветен на школата Гјокко рју Кошиџутсу се одржа вчера во скопското Доџо на Буџинкан Македонија. На настанот учествуваа членови од сите возрасти и звања.

Учителот Игор Довезенски ги предаваше катите од второто ниво на вештината – Чурјаку но Маки, а учесниците видно уживаа во техниките на оваа древна нинџа школа.

Следниот Нинџутсу семинар, ќе биде на темата Кото рју Коппоџутсу.

Интензивен Нинпо Не Ваза тренинг

Posted on Categories Почетна

Во саботата во скопското Доџо на Буџинкан Македонија се одржа интензивен Нинпо Не Ваза мастер клас со учителот Игор Довезенски.

Тренингот беше одржан специјално за членовите кои се посебно заинтересирани и за аспектите на борба на земја.

По завршувањето на сесијата, учесниците го изразија своето огромно задоволство од наученото и побараа од учителот редовно и барем еднаш неделно да се одржуваат Нинпо Не Ваза интензивни тренинзи.

Одржан Шиноби Таисо® семинар за инструктори

Posted on Categories Почетна

Специјален Шиноби Таисо® семинар за инструктори се одржа денес под водство на водачот на системот – Игор Довезенски.

На настанот учествуваа лиценцираните учители кои имаат дозвола да го предаваат системот, а сите тие одлично го надоградија и го зголемија своето знаење за јапонската јога.

Инструкторите кои се обучени за Шиноби Таисо®, одржуваат часови низ разни македонски компании кои вложуваат во здравјето и задоволството на своите вработени, а дологодишната соработка со нашиот тим само го докажува квалитетот на системот создаден од страна на Игор Довезенски, врз база на неговото 40-сет годишно искуство во јапонските традиционални боречки вештини.

Детски Нинџа Самит IV

Posted on Categories Почетна

Четвртиот по ред Детски Нинџа Самит се одржа во саботата во скопското Доџо на Буџинкан Македонија, со што почна сезоната на зимски семинари и за членовите на групата Нинџа Клинци.

Овој пат на настанот учество земаа 24 дечиња кои цели четири саати уживаа во многуте игри наменети за развој на нивната моторика, како и за правилниот развој на телото. Покрај тоа, се вежбаа и техники на самоодбрана прилагодени за нивната возраст, а не’ изостанаа и предавањата кои се конципирани на начин да се развие и потикне размислувањето односно мозочната активност.

Следниот Детски Нинџа Самит ќе се одржи за еден месец.

Тогакуре рју Шурикен

Posted on Categories Почетна

Во дворот на Хомбу на Буџинкан Македонија, вчера се одржа четиричасовен Тогакуре рју Шурикен семинар, при што учениците на учителот Довезенски имаа можност да ги научат или повторат техниките за гаѓање на Бошурикени од оваа древна нинџутсу школа.

За време на настанот, се вежбаа техники на гаѓање од стоење, седење, со трчање и извртување на телото, а учесниците пополека почнуваат да ги совладуваат начините од Тогакуре, кои навистина се едни од најтешките од сите останати рју-ха.

Готон По

Posted on Categories Почетна

Користењето на петте елементи во природата како начин за бегство (Готон По), беше темата на саботниот семинар што се одржа во шумата Млака, во близина на Хомбу Доџото на Буџинкан Македонија. Покрај членовите на нашето доџо, на семинарот присуствуваше и учесник од Република Србија.

Покрај деталното предавање за техниките и начините на користење на Готон По, учителот Довезенски демонстрираше, а потоа беа и вежбани неколку начини на криење и камуфлирање со употреба на Мокутон но Џутсу.